Онлајн конференција за литературното творештво за деца и млади

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје, на 20 декември, во 11 часот ќе одржи онлајн конференција на темата „Литературното творештво за деца и млади и неговата креативна и едукативна улога и функција во воспитувањето и образованието“. Ве покануваме да ни испратите текстови на оваа тема, но и ваши лични творби (песни, раскази, есеи, пиеси за деца и млади) на мејлот на институтот: [email protected]
Текстовите ќе бидат прочитани на онлајн конференцијата и че бидат објавени во дигиталниот Зборник на оваа тема, кој ќе биде поставен на сајтот: www.inaku.mk
Материјалите може да се испраќаат веднаш, а крајниот рок е 15 декември 2022 година.
Организатор на онлајн конференцијата е Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност (ИНАКУ) – Скопје.