Катче за родителите (2)

Прашање: Зошто има толку многу јазици во светот?
Одговор: Кажете му на детето дека пред илјадници години луѓето во различни заедници низ светот измислувале зборови за да ги опишат своите животни потреби и чувства, па тоа е причина зошто денес луѓето од едно исто подрачје зборуваат ист јазик што другите не го разбираат. Јазиците исто така се развивале со текот на времето, па затоа сега би ви било многу тешко да комуницирате со јазикот што во вашиот крај се зборувал пред 500 години.
Што треба да знаете вие: Кога ќе чуе дека некој зборува на странски јазик, вашето дете би можело да се збуни или дури и да се вознемири. Колку порано на детето му објасните што сѐ може да научи од другите култури, поголема е веројатноста дека кога ќе порасне ќе сака да запознава различни луѓе, објаснува д-р Жилијан Каванауг, професорка по антропологија и археологија на колеџот „Бруклин“ во Њујорк. Потсетете го вашето дете дека понекогаш и ние необично зборуваме, бидејќи користиме изрази од други јазици.