Драги деца, со радост сакаме да ве известиме дека голем број ваши литературни и ликовни творби веќе стигнаа на нашата адреса, а се надеваме дека нивниот број ќе биде уште поголем до крајниот рок, 15 јуни.

Темата на која пишувате и цртате. „Херојот по кого мојата улица го добила името“, кај вас разбуди инспирација и многу убави чувства за личностите што се важни за минатото на нашата татковина.

Токму затоа, за да ве поттикнеме да бидете уште покреативни, во годината кога „Колибри“ го одбележува својот 65-ти роденден одлучивме на креативен начин да ве вклучиме и вас во прославата.

Се разбира, најдобрите три раскази или песни и најдобрите три цртежи ќе ги наградиме со книги и, секако, ќе ги објавиме во „Колибри“.

Вашите творби испраќајте ги по електронски пат на адресата: [email protected].

Ве сака вашиот пријател и верен сопатник „Колибри“.