Фотовест

Токму на Светскиот ден на храната, 16 октомври, дворот на училиштето „Гоце Делчев“ од Гостивар беше претесен да ги собере сите посетители на есенскиот базар, на кој учениците во улога на продавачи ги претставија своите домашни производи, создадени со помош на родителите и наставниците.
На креативно уредените штандови бликаше од бои, мириси и вкусови карактеристични за ова годишно време во кое се собираат голем дел земјоделски производи.
Ореви, лешници, јаболка, калинки, но и сокови, слатка, џемови и зачини беа дел од шареноликата палета производи што ги красеа штандовите, но само за кратко, затоа што многубројните родители, баби, дедовци, роднини, постари братчиња и сестрички на учениците, за многу кратко го купија понуденото.

Текст и фото: Ф.Д.