Неодамна во издание на „Едука Мак“ излезе од печат новата книга на писателот Владо Димовски, насловена „Кога малото срце ќе затрепери“.
Оваа илустрирана книга за деца е своевиден мини-роман, приказна што е мошне сликовита, полна со симболи и симболика, хуманост, нежност и поуки. Дејството се случува во најубавите, прекрасни дворови во чудесната Преспа, во една голема куќа со балкони, кои гледаат кон големото Преспанско Езеро. Привлечна и поучна бајка, создадена со ум, со љубов, со насмевка – така се победуваат грдите и лоши нешта.
Книгата е раскажувалка, која поентира со (раз)мислата: Кога малечките срца ќе затреперат се отвора капакот за да излезе некаков зрак што ќе го осветли новиот пат!
Верувам дека приказната од книгата ќе стигне до сите што ги слават добрината и пријателството – вели авторот Владо Димовски.
Рецензент е д-р Христо Петрески, а убавите илустрации се дело на Игор Јовчевски.