Кинескиот вселенски екипаж на „Шенџоу 14“ ја започна својата мисија, за која експертите од оваа сфера велат е дека најсложената досега во историјата, пренесува „Новости“
Кина пишува историја во вселената
Тричлениот екипаж неодамна пристигна на кинеската вселенска станица во орбитата, каде што ќе има низа задачи, за да ја заврши работата на вселенската станица „Тијангонг“ („Небесна палата“). За подобро да се разбере важноста на овој голем вселенски потфат, Бранко Симоновиќ, експерт од сферата на астрономијата, објасни дека потфатот е многу важен и дека претставува дел од последната фаза во завршувањето на кинеската вселенска станица Тијангонг. Во наредните петнаесет години тоа ќе биде просторот во кој кинеските астронаути ќе вршат истражувања.
– „Небесната палата“ е интересно техничко решение, кое се потпира на претходните вселенски станици. Таа е составена од главен модул, на кој се додадени два товарни модули „Кинџоу 1“ и „Кинџоу 2“, кои беа додадени во текот на 2021 година и го формираат постојниот столб. Тој модуларен принцип е прикачен на вселенското летало „Шенџоу 14“, со тројца астронаути со нивните задачи. Првата е да се подготви пристигнувањето на научниот модул на 23 јули, а тоа имплицира дека треба да излезат на отворен простор, што е многу напорно. Следниот модул ќе пристигне во октомври – истакна Бранко Симоновиќ.
Тој додава дека на крајот на декември ќе пристигне нов екипаж, со нов вселенски брод и тројца астронаути, па на еден простор ќе бидат шестмина. За следната година се планирани две мисии со екипаж во вселената, како и две мисии за снабдување со товар.
– Во текот на 2023 година се планира испраќање кинески телескоп во орбитата, во близината на станицата, кој ќе може да се поврзе со неа, доколку е потребно, за сервисирање. Како и секоја вселенска станица, така и оваа е дизајнирана да помогне во научноистражувачката работа, бидејќи низ лабораториите ќе се вршат низа експерименти, особено за микрогравитацијата, па очекувам дека ќе има многу новини во тој сегмент, особено во сферата на електронското напојување. Сведоци сме на забрзан напредок – истакна Симоновиќ.
Тој нагласи и дека во заднината на изградбата на вселенската станица има и политика, но и воен престиж и воен ангажман, па Кинезите се потпираат на своите капацитети и можности. Тоа е важен симболичен момент и испраќа порака до големите играчи во вселенската трка за моќ на големата сцена.