Минатата пролет, пандемијата ги испразни полиците во супермаркетите во светот на штета на поранливите категории граѓани. Ова се случи во многу земји со стабилни синџири на испорака и со огромни резерви на храна. Наместо да се јави вистински недостиг од храна, проблемите најчесто се должеа на тоа што побарувачката ја надмина понудата. Иако хаосот од минатата пролет во голема мера се стави под контрола откако државите се справија со неколкуте брана на ковид-19, сепак безбедноста на храната останува голем проблем во светот, како што се наведува во еден нов извештај. Индексот за глобална безбедност на храна за 2020 година на аналитичкиот центар на „Економист“ ги мереше достапноста, цената, безбедноста и квалитетот на храната, покрај природните ресурси и флексибилноста преку 59 посебни индикатори во 113 земји. Беше откриено дека безбедноста на храната сè уште е под голем ризик во светот поради климатските промени и интензивното земјоделство, а пандемијата само дополнително ги влоши овие проблеми. Според индексот, Финска, Ирска и Холандија котираат највисоко по однос на безбедноста на храната додека Замбија, Судан и Јемен се на дното на листата.