Домување

Растенијата во затворен простор не само што ѝ даваат карактер и допир на природата на просторот туку буквално и свеж воздух. Имено, вашето омилено собно растение не само што го разубавува вашиот дом туку го прави и поздрав. Ерин Марино, главна уредничка и експертка за растенија во „Сил“, објасни кои домашни растенија може да го подобрат квалитетот на воздухот во затворени простории.
Преку фотосинтезата, растенијата апсорбираат јаглерод диоксид и ослободуваат кислород. Преку транспирацијата, растенијата ја зголемуваат влажноста. Собните билки во затворен простор не се конечниот одговор за подобар квалитет на воздухот, но тие апсолутно може да бидат дел од решението – објаснува Марино.
Салонска палма: тие биле популарни домашни растенија уште во викторијанската ера. Лесни се за одржување и погодни за домашни миленици.
Замија: одлична опција за слаба осветленост е издржливото растение замија, за кое Марино вели дека може да издржи со недели без вода. Меѓутоа, таа предупреди и дека слабата осветленост не значи дека воопшто не треба да има светлина.
Бостонски папрат: може да издржи посуви услови од повеќето папрати, што го прави одличен за почеток ако претходно сте се сомневале во купувањето. Погоден е за домашни миленици и изгледа многу убаво.
Орхидеја: таа е елегантен цвет, кој никогаш нема да излезе од мода. Покрај тоа, таа е добри за нас, за нашите миленици и за квалитетот на воздухот.