Домување

Има нешто во изгледот на американските ресторани од 1950-тите години што ја прави атмосферата во кујната толку весела и носталгична. Доколку и вие се стремите кон таквото уредување на просторот, неколку предлози што ќе ви помогнат да го постигнете тоа.
Квадратен под: Основата на секој ретроизглед што потсетува на кујните од 1950-тите години во САД е квадратниот под. Но не каков било, туку исклучиво црно-бел!
Плакари и полици во пастелни бои: Нане зелена, бебешка сина или пудра розова нијанса ќе ве пренесат во дизајнерска временска машина. Сè што треба да направите е да ги обоите плакарите, полиците, фиоките и другите слични површини во вашата кујна со една од овие бои.
Детали во црвено: Освен што совршено се вклопува со црно-белиот под, црвената е токму бојата што најмногу придонесува за изгледот на вечера во 1950-тите. Некои од апаратите во кујната може да бидат во оваа боја, како што се: фрижидер, чајник, тостер, миксер.
Старинска маса со столови: За да останете во старинскиот стил, масата и столовите нека бидат изработени од алуминиум, а седиштето и потпирачите на столовите мора да бидат покриени со вештачка кожа во боја.
„Стар“ фрижидер: Фрижидер што изгледа како да е дојден директно од 1950-тите ќе внесе посебен шарм во кујната. Тоа подразбира различна форма, специфична рачка за отворање и никако во бела боја. Не грижете се, денес има многу такви нови фрижидери, кои само ги имитираат оние што се ретро.
Ѕиден часовник: Од непознати причини, луѓето ретко чуваат ѕиден часовник во кујната. Променете го тоа со закачување старински кружен часовник во соодветна боја. Бидејќи кујната ќе биде ретро, секогаш ќе знаете кога ќе пристигнат гостите и кога ќе се испече питата.