Нега и убавина
Со помош на намирниците што ги имате дома, на косата можете да ѝ го дадете вистинскиот и здрав волумен. Затоа, не е лошо да се свртите само кон природни производи, одвреме-навреме.
Јајца: Јајцата се богати со протеини, кои се неопходни за силна густа коса. Сѐ што треба да направите е да изматите едно-две јајца, во зависност од густината на косата. Нанесете ги на скалпот и на влажна коса. Оставете ја смесата на главата околу 30 минути, а потоа измијте ја со топла вода и нежен шампон. Користењето третмани со јајца еднаш или двапати неделно ќе ја освежи косата навремено и ќе ѝ го врати волуменот.
Маслиново масло: Сигурно досега сте слушнале за маслиновото масло во третманите за коса. Сепак, понекогаш е подобро да се свртиме кон чисто масло, наместо препарати што го содржат. Маслиновото масло е богато со омега-3 киселини и други хранливи материи, кои се одлични за здравјето на косата. Исто така, ова масло е вистинска природна маска за косата и помага во нејзината регенерација. Загрејте го маслото многу внимателно, доволно за да го нанесете на кожата и косата. Масирајте го топлото масло во скалпот и нежно поминете го по целата должина на косата. Оставете да дејствува 30-45 минути. Измијте го со нежен шампон.
Портокал: Витаминот Ц, пектинот и киселината во портокалите можат да ѝ помогнат на косата на неколку различни начини. Витамините и хранливите материи можат да го подобрат природниот сјај на косата, што може да ја направи да изгледа погусто. Киселината помага да се разградат остатоците од производите за коса што можат да го попречат растот на косата. За разлика од некои други третмани, пирето од портокал има и пријатен мирис.
За да го направите пирето, изблендирајте свежи портокали, а потоа измасирајте ја смесата во косата и скалпот. Оставете го да дејствува околу еден час пред да го измиете.