Литературно катче

Пред големиот празник некој со крупни букви напишал на таблата:
– Што е слобода?
Дежурен беше Коле. Но тој не ја избриша таблата, туку зеде креда и напиша:
– Слободата е сонце над нашите глави!
Потоа излезе Марика и додаде:
– Слободата е празник што се слави!
Драган продолжи:
– Слободата е најубав цвет!
Верка напиша:
– Слободата е послатка од мед!
Стојче допиша:
– Слободата е пламен што в гради ни гори!
А Донка заврши:
– За слободата мила секој да се бори!

Автор: Глигор Поповски

* * *
(ПРВАТА ЧИТАНКА од д-р Ѓорѓи Делчев и Даринка Јанушева, шесто издание, „Просветно дело“ Скопје, 1979 година).