Во вториот круг по групи и за влез во четврт-финалето се пласираа светскиот првак Данска, олимпискиот шампион Франција, како и континенталните прваци Шведска (Европа), Катар (Азија) и Бразил (Јужна Америка). Првак на Северна Америка е репрезентацијата на САД, која синоќа играше за пласман понатаму

РАКОМЕТ – СП 2023 ВО ПОЛСКА И ВО ШВЕДСКА

Шпанија, Црна Гора, Иран (од групата А), Франција, Словенија, Полска (група Б), Шведска, Бразил и Зелено’ртските Острови (Група Ц) и Португалија, Исланд, Унгарија (група Д) се репрезентациите што обезбедија пласман во главната група 1, по прелиминарните натпревари во своите групи на Светското првенство (СП) во ракомет во Полска и во Шведска.
Синоќа се играа и последните натпревари во групите Е, Ф, Г и Х на СП 2023, по што и целосно ќе се комплетираат селекциите што одат понатаму и тие што ќе продолжат да играат во Президент-купот. Пред одигрувањето на тие дуели пласман понатаму, во групата 2, обезбедија Германија, Србија, Катар, Норвешка, Холандија, Египет и актуелниот светски првак Данска, а за другите места се тркаа Македонија, Аргентина (за едно место од групата Ф), Хрватска, САД, Мароко (за две места од групата Г), Бахреин, Тунис и Белгија (за две места од групата Х).
Во следната фаза се пласираа светскиот првак Данска, олимпискиот шампион Франција, како и континенталните прваци Шведска (Европа), Катар (Азија), Бразил (Јужна Америка). Првак на Северна Америка е репрезентацијата на САД.
Португалија, Унгарија и Исланд ќе почнат со по два бода во главната рунда откако сите загубија по еден меѓусебен натпревар, а по некомплетното трето коло со по максимални четири бода ќе продолжат да играат Шпанија, Франција (група 1), Шведска (група 2) и Германија (група 3).
Првопласираните две репрезентации од секоја од новите четири групи ќе играат во четврт-финалето на годинашното Светско ракометно првенство. Во Президент-купот, пак, ќе настапат четвртопласираните селекции од секоја од осумте групи.
Г.И.


Елисон не го дава врвот

Левото крило на Исланд, Бјарки Мар Елисон, и понатаму води на листата на стрелците на Светското првенство (СП) во ракомет во Полска и во Шведска, но сега сам со вкупно 26 гола од 33 шута (79 отсто ефикасност), од кои има 6/6 од седум метри на три натпревари. Втор е десниот бек на Црна Гора, Бранко Вујовиќ, со 25 гола од 37 удари (68 отсто) на три средби, а трет неговиот сонародник, левото рило Милош Вујовиќ со 24 гола од 29 обида (83 отсто), од кои 9/10 од седум метри на три средби.
Најдобар голман според постигнатиот ефект засега е Швеѓанецот Тобијас Тулин, со 21 одбрана од 31 удар (68 отсто) на два меча.
Шведска постигна најмногу голови (107), има и најмалку примени голови (57) и има најдобра гол-разлика (плус 50).