Од книгата „120 гатанки за мали и големи деца“ на Цане Трпкоски

Размисли и погоди

Во светот е најмалата птица што лета,
в џунглата на Амазон од цвет до цвет шета.

Со клунчето подолго од целото тело,
сладок нектар собира, чини добро дело.

Крилца ѝ се ножички, многу брзо стрижи,
само таа единствено назад се движи…