Здрава храна

Веројатно понекогаш си приготвувате кашест сок за појадок, но само по 30 минути повторно сте гладни. Приготвувањето погуста напивка може да го измами вашиот мозок, поради што подолго ќе се чувствувате сито. Така барем вели едно неодамнешно холандско истражување. Во него учествувале 15 мажи што пробувале два вида шејк, на празен желудник, во различни денови од неделата. Едниот шејк содржел 100 калории и имал густина на пудинг, додека другиот содржел 500 калории и бил редок како млеко. Истражувачите потоа користеле магнетна резонанца за да го измерат количеството храна во нивните желудници, по што ги анкетирале за да откријат дали чувствуваат ситост или глад во следните 90 минути.
Иако шејкот од 500 калории подолго се задржал во нивните желудници, оној од 100 калории, како што изјавиле, подолго ги одржал сити. Овој ефект се одразил и во текот на следниот оброк – кога дошле до шведска маса, немало разлика во количеството на храна што ја изеле двете групи.
Зошто се случува тоа? Во нашата уста има неврони што се директно поврзани со нашиот мозок. Еднаш кога тие ќе детектираат густа напивка, му јавуваат на мозокот дека станува збор за поголемо количество храна. Поради тоа, ако
сакате подолго да се чувствувате сито по приготвувањето кашест сок, ставете овошје богато со влакна, на пример банана, кое ќе ја зголеми густината. Уште еден одлучен „згуснувач“ за вашиот омилен пијалак е семето чиа, кое апсорбира вода и создава густа текстура.