Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев.
Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност.

Mинатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата. Коцарев е роден на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а во 1961 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31.