Здрава храна

Доколку храната ви се расипува побрзо од вообичаено, причината може да биде несоодветната температура на фрижидерот и на замрзнувачот. За фрижидерот тоа е четири степени или помалку, а за замрзнувачот – 18 степени Целзиусови.
Пронаоѓањето на оптималната температура во фрижидерот е клучно за подолго траење на храната. Истовремено, тоа е еден од најлесните начини да спречите болести што се пренесуваат со храна преку консумирање млеко, јајца и млечни производи со поминат рок на траење.
Иако некои фрижидери и замрзнувачи се опремени со секакви додатоци, некои од нив немаат термометар. За среќа, тие се евтини и можат да се најдат во повеќето продавници за кујнски апарати.
Производителите препорачуваат фрижидерот да се намести на најстудено, зашто така е најбезбедно, но доколку храната ви се замрзнува и ако не е во замрзнувач, зголемете ја температурата.
Иако правилното замрзнување е одличен начин за чување на намирниците како месо и месни преработки, тоа исто така влијае на мирисот, вкусот, аромата, сочноста и бојата на храната.
Совет: не отворајте ја вратата на фрижидерот доколку нема потреба, така подолго ќе ја зачувате саканата температура.