Фото: Приватна архива на семејството Илиевски

Oтворени се и телефонски броеви на Телеком – 143 109 и на А1 – 143 471, но и трансаксиска сметка 210 7000006708 91 и девизна сметка МК0720501704228648 TUTNMK22

На шестгодишната Ина Илиевска и е потребна итна операција за отстранување на тумор во мозокот во болница во Турција.

Здравствената состојба на Ина се влошила лани во мај, кога почнала да добива епилептични напади.

Нејзината мајка Сања вели дека тогаш почнале да прават детални испитувања. Бил дијагностициран тумор во мозокот, за кој докторите потврдиле дека е бениген, но дека во иднина може да и предизвика поголеми здравствени проблеми.

– Докторите и тука и во Турција препорачуваат што побрзо да се острани туморот, со цел да не предизвика крварења и отици во мозокот. За операцијата во Турција, каде се гарантира успешна интервенција и брзо опоравување со најсовремени методи потребни се речиси 34 илјади долари – вели мајката на Ина.

Родителите на Ина покренале и иницијатива преку социјалните мрежи за собирање на потребните парични средства.

– Се надеваме на помош од сите хумани луѓе – додава мајката Сања.

За таа цел се отворени и телефонски броеви на Телеком – 143 109 и на А1 – 143 471, но и трансаксиска сметка 210 7000006708 91 и девизна сметка МК0720501704228648 TUTNMK22.

Ина сега посетува градинка, зашто препораката на докторите е да не биде лишена од сите предизвици што ги носи детството.