По пауза од три децении се враќа „Распеано бротче“

Од Општина Македонски Брод најавија враќање на детскиот музички фестивал „Распеано бротче“ во Домот на културата. Новото издание е предвидено за септември годинава, а наскоро на социјалните медиуми ќе бидат објавени повиците за аудиции на младите музички таленти.
* * *
Аудиција за фестивалот „Ѕвездички“

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ ги отвора вратите за новите музички таленти. Рокот за пријавување на аудицијата е 1 мај 2026 година. Право на учество имаат деца до 14 години. Пријавите со лични податоци на детето и контакт од родител или старател треба да се испратат на адресата [email protected]

* * *
Конкурс за краснопис на фестивалот „Јаков од Камена Река“

Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ од Македонска Каменица распишува конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик. Може да се испраќаат куси текстови, стихови, поговорки и сл. напишани со краснописни букви и со краснописен прибор (мастило, перодршка, пердув, черка и сл.). Творбите се испраќаат во дигитален формат (ПДФ или ЈПГ) на електронската адреса: jakо[email protected] со назнака: За конкурс за краснопис, најдоцна до 30 април 2026 година.