Младинскиот театарски центар „Зона“од Прилеп ќе го има своето деби на 22 мај, во 20 часот, пред прилепската публика, со премиерата на претставата „Чернодрински се враќа дома“.
Претставата „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Горан Стефаноски е предизвикот што го прифати „Зона“ и на кој работеа квартетот едукатори и ментори – Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Мартин Наумоски и Кирил Петрески, кои макотрпно неколку месеци ја подготвуваа претставата. Секако, главниот товар го презедоа младите актери, кои покажуваа фантастична желба и посветеност во подготовката.
– Филип Стојаноски, Вања Младеноски, Андреј Димитриоски, Стефан Петрески и Горјан Ристески се петтемина момци што се дел од трупата, а Ангела Чупетреска, Марија Јованоска, Матеја Илијеска, Искра Спиркоска, Марија Јовеска, Сара Атанасоска, Илина Радеска, Евгенија Димитриоска и Дора Иваноска го сочинуваат женскиот дел од тимот, за сите заедно да создадат мозаик што ќе донесе освежување, младешка енергија и одлична актерска игра – велат од „Зона“
МТЦ „Зона“ со оваа претстава ќе настапи и на претстојниот фестивал ДАФ-Кочани на 25 мај, сабота, во 21 часот.

Ка.М.