Жителите на Колешино во општината Ново Село викендов самоиницијативно се организираа и здружено, млади и стари, го чистеа селото. Во акцијата за разубавување учествуваа и децата од основното училиште „Видое Подгорец“. Се чистеа улиците од отпад, но се уредуваа и јавните зелени површини. Првата екоакција се случи во април годинава, а во оваа беа вклучени и активисти од „Ја штитам Беласица“.
Во наредниот период се планираат и други екоакции за поубаво и почисто Колешино.
Освен во Колешино, активистите на „Ја штитам Беласица“ ќе поттикнат екоакции и во другите населени места во општината Ново Село.