Во секоја душа има сила, добрина, радост, но пред сѐ храброст и самодоверба да се живее во еден поинаков свет, каде што сонот и желбите немаат крај

Почитувани читатели,

Можеби сум само мало писмо, но доживеав големо искуство за време на ова патување. И научив вредни лекции што сакам да ги споделам со вас. Верувале или не, патував и стигнав навреме, а овие патувања ми беа незаборавни и ќе останат долго во моите сеќавања. Патував во минатото, во сегашноста и во иднината и научив нешта што ме променија целосно. Се изненадив од фактот дека многу луѓе беа заслепени од темната магла и зависноста што тие ја создале за да откријат сосема поинаков свет, заборавајќи ја оваа планета каде што за првпат стапнавме. Ние видовме и гледаме многу мал дел од овој свет.

Е па, драги пријатели, го заборавивме најголемиот и најубавиот дел, каде што изненадувањата и фасцинацијата не можеа да го пополнат човековото око. Светот е прекрасен, едноставно бајковен. Го посетив и го видов секој агол, секој негов дел и моето око беше преполно и одушевено од овие незамисливи убавини!

Патувањата што ги направив ме инспирираа, ми најавија перспектива и постојана имагинација. Целосно ме променија и јас се гордеам со тоа, ја сменив благосостојбата во мене. Почнав да правам сѐ што е можно за да им покажам на луѓето колку е сѐ прекрасно и величествено. Но, најубавото дојде на крајот. Ја видов иднината и знаете што? Си ја постигнав целта! Светот го видов сосема поинаков. Луѓето работеа, слушнав смеа на деца, најубава мелодија за увото. Видов насмевка на многу лицата. На секоја страна преовладуваа среќа и радост. Ја видов љубопитноста на луѓето, кои мораа да ја решат вечната мистерија на птиците што летаат на небото, пчелите кон сонцето и цвеќињата на зелените ридишта. Ја видов водата што живо лебди, ги видов животот, живоста во сите срца на овие свети суштества.

Бог го создал човекот да го промени светот, бидејќи во секоја душа има сила, добрина, радост, но пред сѐ храброст и самодоверба да се живее во еден ваков свет, каде што сонот и желбите немаат крај. И сфатив дека нема невозможни работи, туку само луѓе што немаат храброст!

Затоа, драги читатели, не откажувајте се, работете напорно за да дојде денот кога ќе можете да кажете: „Конечно успеав!“ Достигнете ги своите цели, обожувајте го светот во кој живеете, смешкајте му се на животот, на секое богатство и на она што неочекувано ќе ти го донесе, бидејќи живееш само еден живот, а ако го исполниш како што треба – еден е, но доволен.

Видов луѓе што се плашат од иднината, но немојте! Вашата иднина е светла и патиштата секогаш ќе ви бидат отворени ако го гледате светот на најубав начин. Планетава е единствено нешто што го имаме заедничко, не заборавајте, бидете вие промената што ја посакувате за светот, бидејќи тој е ваш и треба само да се има храброст да се издржи!
Те сакам, неоткриен свету!

Љуљеса Пајазити
ООУ „Кирил и Методиј“ – Тетово
Ментор: Кимете Јакупи