Две туристки од Норвешка и Данска се пронајдени мртви на планината Атлас во централниот дел на Мароко, соопшти мароканската полиција.

Според истиот извор, туристките кои биле пронајдени во изолирано подрачје на патот до највисокиот врв во северна Африка – Тоубкал, имале рани на вратот нанесени со ножеви.

Од полицијата соопштуваат дека отвориле истрага за да се откријат околностите на тој „криминален инцидент“, без да дадат други детали.

Тоубкал е популарна тракинг и пешачка дестинација за љубителите на прошетки и планинарења, а се наоѓа од 82 километри јужно од Маракеш, туристички најважен град во Мароко.