На Светското првенство (СП) во алпско скијање во шведскиот Оре (од вторник) спортистите и гостите ќе бидат транспортирани со новиот електричен „ауди е-трон“ од спонзорот на Светската скијачка федерација (ФИС). Згора, флота од 50 шатл-автомобили ќе пристигне од Светскиот економски форум во Давос, која ќе се користи од организацискиот комитет, за одржлив транспорт на спортистите и на другите акредитирани учесници на СП, објави ФИС.