Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ски-центарот Маврово денеска ги поканува сите ученици на бесплатно скијање и чист воздух додека не се вратат во училишните клупи.

– Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други институции за бесплатен транспорт и супервизија, бидејќи не се во можност сите родители да ги донесат учениците до Маврово – вели Огњан Циговски, директор на ски-центарот Маврово.

Оваа иницијатива е резултат на енормната загаденост на воздухот во Македонија и по повод Светскиот ден на снегот, 19 јануари. Во текот на вчерашниот и денешниот ден сите деца скијаа бесплатно во ски-центарот Маврово.