Исказот на Јовановски е обид да се прикаже како жртва, изјави обвинителката Бојчевиќ
Обвинителката Адела Бојчевиќ денеска, во врска со исказот на обвинетиот Стојанче Јовановски во судот, изјави дека неговиот исказ бил очекуван и насочен кон тоа да се прикаже како жртва, со цел да ја избегне кривичната одговорност што му се става на товар.
- Денешниот исказ на обвинетиот беше очекуван за мене како обвинителка. Очекувано беше да се стави во улога...
Јовановски негира вина за трагедијата, тврди дека бил жртва на местенка
Обвинетиот Стојанче Јовановски денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека неговата сопруга Ивана му признала оти, под уцена со интимни видеа од страна на Мартин Саздов, му го дала резервниот клуч од возилото, по што, според неговиот исказ, му била подметната дрога, пренесе МИА.
Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на...
Промоција на книга и панел-дискусија за миграциите од Егејска Македонија во Турција
Македонскиот културен центар во Истанбул на 20 април (понеделник), со почеток во 18 часот, ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија.
Настанот се фокусира на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој...
Индустријата расте и имаме БДП над просекот на ЕУ, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека растот на прометот во индустријата е солиден и дека Македонија е единствена во регионот со вакви резултати.
Тој истакна дека Владата бележи просечен раст на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти во последните шест квартали, што, според него, е значително над просекот на Европска Унија, каде растот е под еден процент.
- Во вакви глобални услови, сметам...
Мицкоски: Екстрадиција на Груевски e можна само ако му се одземе азилот
Екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија е можна само доколку му биде одземен политичкиот азил, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, сè додека Груевски има статус на азилант, евентуално барање за екстрадиција би било одбиено. Тој нагласи дека пред да се испрати такво барање, потребно е да се спроведе постапка за укинување на азилот.
- Ако сега испратиме барање,...
По корупцискиот случај во правосудството, затворска казна за адвокатот, истрага за судијата
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе детална истрага со која се обезбедени докази дека адвокат, кој вршел јавни овластувања, побарал 100.000 евра за да посредува кај судија од Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор. На 13 декември 2025 година тој директно примил 20.000 евра од бараната сума.
Соочен со доказите,...
Сиљановска-Давкова на Дипломатскиот форум во Анталија: Потребна е превентивна наместо реактивна дипломатија
Повеќе од кога било на светот му се потребни одговорни лидери, рано предупредување на ризиците, како и превентивна наместо реактивна дипломатија - истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на „Панелот на лидери“ на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, што се одржа во рамките на 5. Дипломатски форум во Анталија.
Говорејќи за глобалните неизвесности, таа предупреди на растечката опасност...
„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“.
Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава.
Континуитетот на ова признание за нас има...
Јаневска: Иселеници веќе се враќаат во Македонија
Според статистиката, веќе имаме прилив на иселеници, не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките што ги спроведува оваа Влада, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пренесува МИА.
Прашана за коментар на податоците од Државниот завод за статистика во однос на намалувањето на бројот на основци во училиштата во...
Добра е состојбата со нафтата, имаме најевтини горива во регионот, вели премиерот
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места.
Доколку се...








































