Пет случаи за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека во последното деноноќие има пет пријави на случаи за семејно насилство и дека едно лице е лишено од слобода. Вчера во 16 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б. (43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка. Околу 11 часот вчера во СВР Куманово, 65-годишна...

Варнс – Савески: САД ќе продолжат да ги поддржуваат реформите на јавнообвинителскиот систем

Државниот јавен обвинител Ненад Савески и вршителката на должноста шеф на Мисијата на Соединетите Американски Држави Никол Варнс денеска разговарале за приоритетите за унапредување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, на средбата биле разменети мислења за натамошна американска поддршка на реформските процеси и активностите насочени кон јакнење на владеењето на правото. Савески...

Унија на полицајци од Килкис: Неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕС-системот

Примената на новиот систем за биометриска регистрација и контрола на патници од трети земји, согласно европската директива „Систем за влез/излез (Entry/Exit System)“, доведе до срамни сцени: редици, метеж, нервоза и на крај, изливи на гнев кон оние кои не се виновни-полицајците, кои уште еднаш функционираат како „вреќи за бокс“, пишува во соопштението од Унија на полицајци од Килкис, кои...

Со законски измени пензионирани лекари ќе можат да работат до 70 години, најави Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу при посетата на Општата болница со проширена дејност во Дебар најави законски измени со кои пензионираните лекари и медицински сестри ќе можат да продолжат со работа до 70-годишна возраст. Тој истакна дека здравствениот систем се соочува со недостиг на кадар, особено лекари и медицински сестри, поради што искуството на пензионираните здравствени работници е од големо...

Арагчи: Ормуска Теснина ќе биде отворена додека трае примирјето

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи соопшти дека Ормуска Теснина е повторно отворена за комерцијален поморски сообраќај. Во објава на платформата Икс, тој наведе дека одлуката е донесена во рамки на договорениот прекин на огнот меѓу Израел и Либан, и дека преминот ќе остане отворен додека трае примирјето. Според Арагчи, пловидбата ќе се одвива по координирани рути, во согласност со насоките...

Наковски Волеј, Јанта Волеј КВ, Младост УГД и Работнички Скопје – кој ќе игра во финалето?

Најдобрите четири екипи во прволигашкото женско друштво, од денеска влегуваат во завршната трка, која ќе даде одговор на прашањето кој ќе игра за шампионската титула? Првите натпревари од полуфиналето на плејофот се играат во Штип каде Младост УГД ќе го пречека ланскиот финалист Работнички Скопје од 18:30 часот, односно во Струмица каде половина час подоцна Наковски Волеј ќе ги...

Убедливо отворање на финалната серија за Штип УГД

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната кај прволигашите, Штип УГД имаше убедливо отворање на финалето на плејофот со победа од 3:0 (25:15, 25:22, 25:17) над ГОК Борец пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Тимот на Кристиан Ристески ја продолжи победничката серија која ја има во дуелите со велешкиот состав сезонава. Домашните одбојкари ја контролираа играта и...

Царина спречи три обиди за криумчарење злато на скопскиот аеродром

Царинска управа информира дека во изминатите две недели на граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје биле откриени три обиди за криумчарење злато, со вкупна тежина од 285 грама и проценета вредност од околу 23.000 евра. Директорот на Управата, Бобан Николовски, во гостување на МРТ 1 изјави дека институцијата континуирано ги следи глобалните трендови и соодветно ги прилагодува профилите на ризик. Претходно, Царинската...

Судско медицинските анализи покажале кокаин и дијазепам кај Јовановски и стари повреди и траги на насилство кај Ивана

Судско-медицинскиот вештак Златко Јаќевски, кој ја извршил обдукцијата на Ивана Стојаноска, на денешното рочиште направи јасно разграничување меѓу повредите настанати од падот од балконот и оние здобиени претходно. Два крвни подлива со модрожолтеникава боја на левиот образ настанале пред една недела, а подливите на вратот под брадата биле од дента на 2 март која починала, или од претходниот ден. На прашање...

Ристов останува во куќен притвор, одбиена жалбата на одбраната

Апелационен суд Штип ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението за продолжување на мерката куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов. Со оваа одлука, Ристов останува во куќен притвор, откако претходно одбраната побара укинување или измена на мерката. Судијата, кој претходно работел во Апелационен суд Скопје, се соочува со обвиненија за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење...