Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД, тие што денеска коментираат дека ова е преседан, молчеа за Македонија

Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос...

Колумбија испрати војници и тенкови на границата со Венецуела

Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас. По наредба на колумбискиот претседател Густаво Петро, воените сили се собраа на клучните премини со Венецуела, стравувајќи од масовни миграции или дека криминалните банди би можеле да го искористат хаосот, пренесе парискиот весник Монд (Le Monde). Петро ја осуди американската операција, додека...

Швајцарската полиција идентификува уште 16 од 40-те загинати во пожарот во бар во Кран-Монтана

Швајцарската полиција денеска соопшти дека идентификувала уште 16 жртви од пожарот во барот во Кран-Монтана, кој избувна за време на прославата на Новата година. Како што е наведено, меѓу нив има 10 Швајцарци, две лица се од Италија, едно е со италијанско-емиратско потекло, едно лице е од Романија, едно од Франција и едно од Турција. Кантоналната полиција претходно соопшти дека се...

Македонска премиера на филмот „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска

За денеска е закажана македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска. Премиерата на македонскиот кандидат за Оскар ќе се одржи во Македонскиот народен театар од 20:30 часот. На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите што...

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“, за првпат изработена во Албанија и посветена на областа Гора

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Гора, авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник „Илинден”. Разгледницата содржи осум фотографии од селата во овој крај и е значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство. Ова издание е отпечатено со...

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран-Монтана

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти локалната полиција. Меѓу идентификуваните се осум млади лица на возраст меѓу 16 и 24 години кои живееле во Швајцарија. Италијанските медиуми јавија дека меѓу загинатите има и тројца италијански државјани. Во меѓувреме, роднините на другите исчезнати лица продолжуваат да чекаат информации за...

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк

Maduro
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела. Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин каде чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат земјата сè додека не се постигне трансфер на власта и...

Реакции на Париз, ОН, Данска, ЈАР по воената операција на САД во Венецуела

Venezuela
Воената операција на САД која резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро е спротивна на принципите на меѓународното право, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. - Воената операција која доведе до апсење на Николас Мадуро го крши принципот за неупотреба на сила, а тоа е темел на меѓународното право. Франција истакнува дека трајно политичко решение не...

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран - Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа. Информацијата за МИА ја потврдија и од македонската Влада. - Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. изразуваме длабоко жалење и сочувство - велат...

САД поднесоа ново обвинение против Мадуро, сопругата и синот

Министерството за правда на САД објави ново обвинение против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, овој пат вклучувајќи ја неговата сопруга и син. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со сериозни обвиненија за „наркотероризам“. Во обвинението се тврди дека Мадуро и неговите сојузници ги претвориле венецуелските институции во центар на корупција...