Мицкоски: Очекувам проевропска влада во Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека граѓаните на Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат влада со јасна проевропска ориентација и фокус на добрососедските односи. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека идниот бугарски премиер треба да биде насочен кон европските вредности, наместо кон билатерални прашања.  - Очекувам новата влада да биде вистински промотор на копенхагеншките критериуми и на темелните европски...

Безбедносни проверки во моловите „Ист Гејт“ и „Дајмонд“ по дојави за бомби

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се примени дојави за поставени експлозивни направи во два трговски центри во Скопје. Според МВР, на 19 април 2026 година, на нивната електронска адреса пристигнала заканувачка порака во која се наведува дека бомби се поставени во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“. Полициски екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на наводите,...

ММФ ја поздрави фискалната консолидација на Македонија

Dimitrieska Kocoska Slavevski
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Вашингтон, оствари средба со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли. На состанокот присуствуваше и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Како што соопшти Министерството за финансии, на средбата била поздравена заложбата на Владата за фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит под...

Две успешни трансплантации: семејство спаси животи со хумана одлука

Transplantacija
Министерството за здравство информираше дека се успешно извршени трансплантации на црн дроб и бубрег, откако семејство на починато лице донело хумана одлука за донација на органи. Црн дроб е трансплантиран кај 67-годишен пациент, додека 51-годишна жена добила нов бубрег. Од Министерството посочуваат дека пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.  - Во најтешкиот момент, едно семејство...

Иран го предупреди САД: Ако се приближите, ќе отвориме оган

Иран предупреди дека секоја акција на САД што ја нарушува неговата контрола врз Ормуската теснина ќе се смета за кршење на примирјето. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека евентуалното отстранување на мини или други активности на американските сили во регионот ќе бидат третирани како непријателски чин, пренесе МИА.  - Американците ја објавија блокадата, што е неодговорна и погрешна...

Бугарија денеска избира ново Народно собрание, 24 партии во трка за парламентот

elections Bulgaria
Бугарија денес гласа за избор на 52. состав на Народното собрание, во уште еден значаен изборен ден што го привлекува вниманието поради засилената политичка динамика во изминатите години, пренесе МИА. Гласачките места беа отворени во 7 часот и ќе работат до 20 часот. Доколку има редици од граѓани, гласањето може да биде продолжено најдоцна до 21 часот. Во изборната трка учествуваат...

Денеска сончево и топло, од утре следува промена на времето

Времето денес ќе биде претежно сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните температури ќе се движат меѓу 3 и 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 24 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и пријатно топло, со слаб северен...

Иран: Ормускиот Теснец практично е повторно затворен

Иран објави порака преку своите државни медиуми дека Ормускиот Теснец практично е повторно затворен, бидејќи, како што тврдат, Американците не го исполниле својот дел од договорот. Со тоа, Техеран подразбира дека САД продолжуваат да ги блокираат бродовите што одат кон или заминуваат од иранските пристаништа, објавува Би-би-си. Иранските власти сега велат дека ситуацијата се враќа на онаа од пред неколку дена,...

Во Струмица литија со чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка

Светата икона со ликот на Пресветата Богородица Брзопослушничка по девети пат беше изнесена на улиците низ Струмица. Празнувањето почна вчера со свечена вечерна богослужба. Денес, по Светата Божествена Литургија во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, свештената литија се упати кон храмот на Свети Кирил и Методиј, а оттаму до плоштадот Гоце Делчев во Струмица. Таму беше отслужен Молебен, по...

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата

Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која денеска продолжи во општина Кавадарци. Трипуновски, како што соопшти Министерството за...