Марш за загинатите во „Пулс“: Чекориме затоа што вистината мора да излезе на виделина
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска маршираа низ Штип. Од градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порачаа дека денес во Штип чекорат семејствата и најблиските на нивните деца и најмили - оние што останаа со најтешката болка, но и со најголемата обврска да се борат за вистината и правдата.
- Во рацете ги носиме нивните фотографии, затоа што...
„Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
Диверзија со импровизирана експлозивна направа во ВИП-зоната и координиран терористички напад со заложничка криза во терминалната зграда, денеска беа дел од симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, која беше реализирана на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вежбата ја организираше Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во соработка со ТАВ Македонија.
Како...
Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати
Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 4 мај. Согласно пресметките, како што се наведува во соопштението, очекувањата се дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука со која ќе се изврши...
Германија е еден од најзначајните странски инвеститори во Македонија, рече Сали од Дизелдорф
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Дизелдорф учествуваше на панел-дискусија на тема „Можности за странски инвестиции во Северна Македонија“, на која ги презентираше инвестициските потенцијали на земјава.
Од Кабинетот на министерот за европски прашања соопштија дека во своето обраќање, Сали ја истакнал Германија како најголем трговски партнер и еден од најзначајните странски инвеститори...
Запленети скапи „Епл“ часовници, кои биле заменети со евтини копии
Скопска мобилара - увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Епл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон, информираат од Царинската управа (ЦУ).
Нагласуваат дека по налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните...
МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
Министерството за здравство (МЗ) го објави Предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за едно важно законско решение кое е дел од пошироката реформа на измени и дополнувања на 12 закони што ја спроведува Министерството за здравство. Оттаму ја повикуваат стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес.
Како што велат, станува збор...
Ученици од „Браќа Миладиновци“ во Струга во посета на Спомен – домот на браќата Миладиновци
Учениците од VIII одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, кои следат настава на албански јазик, заедно со наставниците по македонски јазик Магдалена Грческа и Бобан Перески, реализираа инспиративна посета на Спомен - домот на браќата Миладиновци во Струга.
На учениците им беше одржано предавање од страна на едукатор од Музејот „Д-р Никола Незлобински", од наставниците и од Ристе...
Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор, вели Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека може да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне долгорочен договор за прекин на војната.
- Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане - им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона.
- Значи, имате блокада...
Иран го негира тврдењето на Трамп дека ураниумот ќе биде префрлен во САД
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран се согласил да дозволи трансфер на збогатен ураниум во САД.
- Збогатениот ураниум е свет за нас како иранска почва и нема да биде префрлен никаде под никакви околности - рече Багеи, објави новинската агенција Тасним.
Трамп вчера за Си-би-ес изјави дека...
Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион.
Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија заемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата. Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани, додека пак снимките ќе...








































