Градиме координиран и професионален инспекциски систем во служба на граѓаните, истакна Минчев

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска претседаваше со првата конститутивна седница на Колегиумот на директори на државните инспекциски служби, при што Министерството за јавна администрација (МЈА) ја исполни законската обврска за одржување на оваа седница, но и постави основа за поефикасна, посистемска и усогласена соработка меѓу сите инспекциски органи во државата, информираат од МЈА. Целта на Колегиумот, како што...

Нема да има уставни измени ако не бидат исполнети најмалку два услови, изјави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш порача дека нема да има уставни измени сè додека не бидат, како што рече, исполнети најмалку два услова - загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека тоа ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови билатерални вета, омаловажувања, понижувања...

„Јон Вардар против галаксијата“ во Софија

Вечерва, со почеток од 18:30 часот, во македонскиот КИЦ во Софија ќе биде прикажан првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, дело на режисерот и сценарист Гоце Цветановски. Премиерата на филмот во Софија се одржа во 2025 година во „Синема сити мол Софија“, а Македонскиот културно-информативен центар ги доби правата за неговото емитување пред посетителите на нашиот...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на Регулаторна

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б., претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот законик. Како што инфорираат од Управата, пријавениот...

Се води сметка за правичната застапеност, законот наскоро треба да биде доставен во Собранието, истакна Мицкоски

Апсолутно се води сметка за правичната застапеност. Јас сум личен гарант за тоа. Ниту како човек, ниту како политичар, ниту како претседател на Владата нема да дозволам никој никого да минимизира или мајоризира. Квалитетот на луѓето, без разлика од која етничка припадност доаѓаат, треба да биде клучен и да биде приоритет. Тоа е темел на уставна вредност и дел...

Објавен драмскиот текст „Струмички шерифи“

„Македоника литера“ неодамна објави драмски текст од струмичкиот автор Ацо Ѓоргиев со наслов „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект. Дејството во овој драмски текст е сместено во осумдесеттите години на минатиот век во Струмица. Ѓоргиев на сатиричен, хумористичен, ироничен, провокативен, а во исто време и со груба подбивност, презрив и дрзок однос кон моралните и општествените состојби, отсликува една...

Веселин Трајковски: Успех за мене не се само голема улога или аплауз, туку и постојан раст како уметник и како човек

Веселин Трајковски е млад балетски уметник, член на ансамблот на Националната опера и балет на Македонија. По завршувањето на основното образование во неговиот роден град Прилеп, средното образование го завршува во „Илија Николовски Луј“ во Скопје, а сега е во завршна фаза на студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Љубов кон танцовата уметност пројавува уште на...

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одобри набавка на опрема за Армијата од САД

Комисијата за одбрана и безбедност на денешната седница даде зелено светло за набавка на опрема за Армијата обезбедена од Владата на САД, усвојувајќи четири информации  за потреба од договор меѓу двете влади и амандмани на постоечки договори. Потребата од нова опрема и склучување договори, која вклучува  Комуникациско-информациски системи - Тип 1 радио уреди, надградба на симулациска платформа во Центарот за...

На парализиран човек во Британија му е вграден чип на „Неуралинк“ во мозок: Само ќе помислам и тоа се случува

Еден од првите луѓе во Велика Британија што го доби чипот во мозокот на компанијата на Илон Маск, „Неуралинк“, го опиша искуството како „волшебно“ и верува дека технологијата би можела да ги трансформира животите на луѓето со тешка парализа. Себастијан Гомез-Пена, волонтер во првото британско испитување на уредот на Неуралинк, по несреќа остана парализиран од вратот надолу. Водечкиот неврохирург во испитувањето...

Македонско друштво „Илинден“–Тирана ја поддржава тужбата на Македонската алијанса за европска интеграција против мигрантските центри во општина Пустец

Македонско друштво „Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец. -Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на македонците во општина Пустец и...