Нема да дозволам да биде извалкано моето име, истакна Бислимоски

Постапките за одземање на лиценца за било која дејност и за било кој сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање. На истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании,...

Нашата Армија е компатибилна и почитувана и дома и надвор, истакна Силјановска-Давкова

Нашата Армија е компатибилна, нашата Армија е компарабилна, нашата Армија е почитувана не само дома туку и надвор. И ние можеме со сигурност да кажеме дека состојбата е за поздравување. И мислам дека Армијата заслужува понатамошно разбирање и поддршка и од Владата, но и од сите нас. Ја имаат, се разбира, и мојата поддршка. Јас имам што да бранам,...

Новиот состав на ДИК даде свечена изјава пред претседателот на Собранието

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Новиот состав го сочинуваат Бојан Маричиќ, претседател на Комисијата, Абдуш Демири, потпретседател, и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Претседателот на ДИК, Маричиќ, во името на сите членови се заблагодари за двотретинската поддршка од сите 83 пратеници што...

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот, изјави Андоновска

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот бидејќи минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби е и последен, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени. Оваа сезона се регистрирани три смртни...

„Макам-транс“ на состанок по предлогот на ЕК за поголема флексибилност за престој на превозници во ЕУ

По објавата на предлогот на Европската комисија со новата стратегија за визи да се разгледа поголема флексибилност за престој на камионџиите од Западниот Балкан во ЕУ, асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево на состанок одлучува за идните чекори на превозниците од државата, кои со колегите од Западен Балкан четврти ден ги блокираат граничните премини во делот на товарниот собраќај кон шенген-зоната. Претходно, вицепремиерот...

Сè уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби, изјави Мицкоски

Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и си го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник што сака повисока плата треба да се поддржи - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, нагласи дека Владата...

Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци, изјави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот на превозниците коишто веќе четири дена ги блокираат граничните премини кон шенген зоната. - Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како...

Зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите, истакна Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска од собраниската говорница образложи дека за да има раст на минималната плата, треба да се земат предвид економската стабилност, инфлацијата и многу други критериуми. Ние, како што рече, сме за зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите. Одговарајќи на пратеничко прашање од Борче Цветков од СДСМ дали ќе го...

Се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација, изјави Тошковски

Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниту еден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какви било друго реорганзирање на внатрашните структури на МВР - порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одговорајќи на пратенилко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобена, особено ако се земат...

Четворица од неготинско осомничени за силување на дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Лицата се гонат за кривично дело казниво според член 188 став 3 од...