На сирењето му е потребно и одредено количество влага, но ако вишокот влага се зароби во фолијата, сирењето ќе стане лигаво, скапано и мувлосано. Сирењето често се продава во проѕирна пластична фолија во продавниците. Подобро е да го завиткате сирењето во восочна хартија за печење. Ставете го во стаклена кутија со соодветен капак, а не во фолија.
Многу сирења во продавниците се сечат на помали парчиња и се продаваат завиткани во пластична фолија – делумно од практични причини, делумно за да можат клиентите да видат што всушност избираат. Но тоа не значи дека треба да ги оставите во пластична фолија кога ќе ги донесете дома. Експертите тврдат дека пластичната фолија е лош избор за складирање сирење.
Проѕирната пластична фолија го прекинува доводот на воздух, што е исклучително важно за одржување и продолжување на свежината и исправноста на сирењата, особено на тврдите и подебелите. Проѕирната пластична фолија пропушта светлина, што може дополнително да ги оштети изгледот и вкусот на сирењето. Сирењето исто така има потреба од одредено количество влага, но ако вишокот влага се зароби во фолијата, сирењето ќе стане лигаво, скапано и мувлосано. Безбедно е да се јадат само сирења со благородна мувла како што се рокфор и горгонзола, а не оние што се преплавиле поради неправилно складирање.
Наместо во пластична фолија, завиткајте го сирењето во восочна хартија за печење, а доколку сакате, ставете го во херметички затворена кутија и складирајте го во фрижидер. Не само што ќе спречите сушење/расипување на сирењето туку и ширење на млечни мириси низ остатокот од фрижидерот. Тврдите сирења како пармезан се продаваат исечени во вакуумски затворени пластични ќесиња – и се целосно безбедни во нив сè додека не се отворени и се чуваат во фрижидер. Кога ќе го отворите пакувањето, префрлете го сирењето во стаклен сад со соодветен капак или завиткајте го во лесно навлажнета памучна крпа за да спречите сушење. Иако технички повеќето сирења можат да се замрзнат за да се продолжи нивниот рок на траење, по одмрзнувањето, бојата, текстурата и вкусот на самиот производ се менуваат, што може негативно да влијае на вашето ниво на уживање во него. Подобро е да купувате помали количества сирење што можете да ги јадете за пократок временски период отколку да ги ставате во замрзнувач.