„Бевме како браќа…“ Еден од повредените навивачи на грчката навивачка група ПАОК со сведоштво за сообраќајната несреќа

Еден од тројцата преживеани во тешката сообраќајна несреќа во Романија, во која животот го загубија седум навивачи на ПАОК, се огласи од болницата во Темишвар, изразувајќи длабока тага поради загубата на своите пријатели и опишувајќи ги моментите по трагичниот судир, објави „То Вима“ Тој од болничката соба изјави дека не бил возач и дека не може со сигурност да каже...

Модернизација на жичницата, се предлага траса од болницата Козле до Средно Водно, вели Томовски

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно. Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата...

Вилите Водно 1 и 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, вели Томовски

Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Успеавме да го легализираме имотот на државата. Вилите Водно 1, Водно 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, и се во сопственост на државата со трајно користење на СОЗР, за да можеме да ги сервисираме понатака, изјави вечерва Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички...

Тој што прима плата мора и да оди на работа, порача Стоиљковиќ

Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97 проценти од вработените се Албанци, истакна денеска вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој денеска одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот хронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост. Хасани го праша...

Преку е-Киоск, граѓаните ќе можат да се идентификуваат со лична карта или пасош вели Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеничката Даниела Христова, информираше дека во изминатите години е забележан значителен раст на бројот на услуги што ги нудат Центрите за услуги низ државата. Според неговите податоци, во првите пет години од нивното отворање функционирале само центрите во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид и Битола, кои годишно нуделе помалку...

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници вели Јаневска

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците. Проблемот може да се реши со оптимизација на училишната мрежа, воведување едносменска настава и продолжен престој во училиштата. Тоа...

Трамп тврди дека Путин се согласил да не го напаѓа Киев и другите градови во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин се согласил со неговото барање Русија да не го напаѓа главниот град Киев и другите градови во Украина. Зборувајќи на состанокот на неговиот кабинет, Трамп објасни дека го замолил Путин да го стори тоа поради рекордно студеното време. Температурата во Киев е под нулата, а следната недела се очекува...

Николоски: Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат никаде и не завршуваат никаде

Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат од никаде и не завршуваат никаде, затоа и не можат да се пуштат и по нив да има безбеден сообраќај, рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска од говорницата на македонското Собрание одговараше на пратенички прашања на Илир Хасани, пратеник од Европскиот фронт. Николоски посочи дека двата километра...

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми, вели Ангел Димитров

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36 илјади денари. Износот од 57 проценти на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на...

Ќе се направат напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно Законот за јазици, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе се направат напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно Законот за јазици, за да не може да се користи проектот за собирање политички поени со националистички призвук. -За да не го злоупотребувате ова во националистики призвук, веднаш ви кажувам ќе сторам се со МВР казните, опомените или информациите да бидат согласно...