Eкономските резултати во изминатиот период се значително подобрени, вели Димитриеска Кочоска
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека Владата наследила исклучително тешка и алармантна финансиска состојба, со речиси целосно испразнета државна каса и над 70 проценти од буџетскиот дефицит потрошен уште пред промената на власта. Но, како што потенцира министерката, она што било суштински важно за нејзе како министер за финансии и за Владата е дека на работите гледале...
ЕУ ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација, од Иран предупредуваат, „ќе има последици“
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија донесоа одлука да го прогласат иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, информира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по завршувањето на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ).
- Ова ја става Гардата на исто рамниште со Исламската држава, Хамас, Хезболах и...
Зеленски му се заблагодари на Трамп за заштитата на украинските градови за време на зимата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста да ја обезбеди безбедноста на Киев и другите украински градови за време на екстремниот зимски период.
- Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери да ни помогнат да ги заштитиме животите. Ви благодарам, претседателе Трамп. Нашите тимови разговараа...
Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија, информираше Муцунски
Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Како што истакна Муцунски, одлуката претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна...
Иранскиот претседател вели дека Иран мора да се подготви за војна
Иран мора да биде подготвен за војна, изјави потпретседателот на земјата, Мохамед Реза Ареф, како одговор на заканите за американска воена интервенција.
- Денес мора да бидеме подготвени за војна. Исламската Република Иран никогаш не започнала војна, но ако ѝ се наметне, ќе се брани со сила - изјави потпретседателот.
Во меѓувреме, поранешниот ирански премиер Мир Хосеин Мусави, централна фигура во...
Изгледа дека Хамас ќе се разоружа, истакна Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска сугерираше дека Хамас ќе се разоружа.
Зборувајќи на состанокот на кабинетот во Белата куќа, Трамп рече дека палестинското исламистичко движење се чини дека се разоружува, што е клучна точка во неговиот мировен план за ставање крај на двегодишната војна во Појасот Газа.
- Многу луѓе велат дека никогаш нема да се разоружаат. Изгледа дека ќе се...
„Бевме како браќа…“ Еден од повредените навивачи на грчката навивачка група ПАОК со сведоштво за сообраќајната несреќа
Еден од тројцата преживеани во тешката сообраќајна несреќа во Романија, во која животот го загубија седум навивачи на ПАОК, се огласи од болницата во Темишвар, изразувајќи длабока тага поради загубата на своите пријатели и опишувајќи ги моментите по трагичниот судир, објави „То Вима“
Тој од болничката соба изјави дека не бил возач и дека не може со сигурност да каже...
Модернизација на жичницата, се предлага траса од болницата Козле до Средно Водно, вели Томовски
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно.
Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата...
Вилите Водно 1 и 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, вели Томовски
Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Успеавме да го легализираме имотот на државата. Вилите Водно 1, Водно 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, и се во сопственост на државата со трајно користење на СОЗР, за да можеме да ги сервисираме понатака, изјави вечерва Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички...
Тој што прима плата мора и да оди на работа, порача Стоиљковиќ
Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97 проценти од вработените се Албанци, истакна денеска вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој денеска одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот хронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост. Хасани го праша...






































