Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“
Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба.
Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот...
Судење за пожарот во „Пулс“: Пиритехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
Функционирањето на клубот, неговата внатрешност, издавањето карти при влез, па се до моментот кога избувнал пожарот и кога димот и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, беа дел од исказите на сведоци во судницата во Идризово на денешното продолжение на судењето за случајот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа...
Новиот закон за проценка на попреченост, ги зајакнува правата на децата
УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на измените и дополнувањата на Законот за системот за процена на лицата со попреченост како значаен чекор кон обезбедување секое дете со попреченост да може да ги добие потребната поддршка и можностите за да го достигне својот целосен потенцијал - стои во соопштението, што МИА го пренесе интегрално.
Функционален и ефикасен систем за процена на...
Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес
Екипа од ЈП „Македонија пат“ Подружница Велес е на терен и работи на расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска околу пладне на патот Градско - Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ.
- Екипата од вработени од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница излезе на терен со машина скип - багер и веќе работи на расчистување на карпата...
Тројца врвни кардиолози и хирурзи ќе ја истражуваат оперативната практика во Македонија, соопшти Министерството за здравство
Министерството за здравство денеска ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување на кардиолошки и кардиохируршки операции.
- Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, меѓу кои д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како...
Најдобро е „Чебрен“ и „Галиште“ да бидат домашна инвестиција, но буџетот ќе одлучи дали државата може сама да ги реализира, истакна Божиновска
Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ - дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат...
„Витаминка“ на саемот во Келн за јакнење на меѓународното присуство и развој на нови деловни соработки
Прилепската компанија „Витаминка“ и оваа година е дел од ISM саемот во Келн, каде што се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред.
Изложувањето на саемот, велат од компанијата, се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување...
Од полноќ, нова повисока цена на дизел горивата
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде...
Финансиските истраги стануваат стандард во борбата против организираниот криминал, истакна Димитриеска-Кочоска
Нашата порака е јасна - криминалот не смее и нема да биде исплатлив. Со системски пристап, силни институции и јасна одговорност ќе создадеме услови нелегално стекнатиот имот да биде идентификуван, одземен и вратен во функција на општеството. Како Министерство за финансии, ќе придонесуваме овој совет да биде активен, функционален и ориентиран кон резултати - изјави министерката за финансии Гордана...
Стратешки скок кон енергетска независност со инвестиции од 3,7 милијарди евра, најави Божиновска
Усвоен е Годишниот план за изградба на енергетски проекти тежок 3,7 милијарди евра, а во кој ќе бидат вклучени 97 приватни компании. Во рамки на планот предвидено е да се изградат 67 нови енергетски објекти со вкупна инсталирана моќност од 4.416,803 мега вати од кои најголем дел се фотоволтаици, има седум ветерни електрани и една когенеративна централа која ќе...







































