Унгарската влада поднесе тужба до Судот на правдата на Европската Унија бара укинување на регултивата за укинување на увозот на руски гас
Унгарската влада денеска поднесе тужба до Судот на правдата на Европската Унија, барајќи поништување на регулативата РеПовер (RePower) на ЕУ, која има за цел постепено да го укине увозот на руски гас, изјави шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.
Сијарто тврди дека ЕУ ги пречекорила своите овластувања со усвојувањето на регулативата, бидејќи одлуката погрешно била претставена како мерка на трговска...
Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар
Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“.
Оттаму информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка - Деве Баир со задржување на коловоз.
Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни...
Обвинителство отвори предмет за запленетите пет тони марихуана во Србија кои поминале низ Македонија
Македонското Јавно обвинителство е во постојана комуникација со надлежните институции во Србија и веќе има оформено предмет за случајот со заплената на пет тони марихуана, која, според досегашните информации, поминала низ територијата на Македонија.
Од Обвинителството информираат дека уште во петокот биле навремено и целосно известени за настанот и без одлагање презеле активности во рамки на своите законски надлежности. Веднаш...
Владата не е против зголемување на минималната плата, вели Ристески
Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски одржливи решенија, порача заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Во гостување на емисијата „Став на регионот“ на регионалната телевизија Newsmax Balkans, Ристески истакна дека Владата останува посветена...
Формирањето на европска армија би било исклучително опасно, вели Калас
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска ги отфрли повиците за создавање европска армија, предупредувајќи дека тоа може да биде „екстремно опасно“.
ЕУ разгледува начини да ја обезбеди сопствената безбедност откако САД предупредија дека нејзините приоритети се на друго место. Приказната за европска армија повторно се појави во услови на тензии во НАТО, поради...
Српската полиција уапси Македонец осомничен за ограбување на обложувалници и пошта
Српската полиција уапси во Краљево маж (44) од Македонија под сомнение дека ограбил обложувачници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од...
Синот на норвешката принцеза приведен под сомнение за напад, закана со нож и прекршување на забраната за приближување
Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката престолонаследничка, принцезата Мете-Марит, вчера повторно е приведен во Осло под сомнение за напад, закана со нож и прекршување на забраната за приближување.
Норвешката полиција не го откри идентитетот на жртвата или жртвите.
Хоиби е приведен два дена пред утрешното судење за поголем број кривични дела, меѓу кои и силување.
Полицијата бара четиридневен притвор за Хоиби...
Промената во светот бара промена во образованието, порача Силјановска Давкова од Светскиот самит на лауреати
Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Силјановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите.
На еминентниот собир, на кој учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет,...
Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска, не се работи за ретроактивно оданочување, вели Петрова
Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход и не се работи за ретроактивно оданочување, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија.
Таа појасни дека обврската важела уште во 2020 година, но многумина денес се соочуваат со проблеми при...
Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“
Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба.
Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот...







































