Иран ќе води фер и правични преговори со САД, истакна иранскиот претседател Пезешкијан

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека му наложил на својот министер за надворешни работи да води „фер и правични преговори“ со САД. Пезешкијан во објава на „X“ изјави дека му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи „да води фер и правични преговори, водени од принципите на достоинство, разумност и целесообразност“, додавајќи: „под услов да постои соодветна средина...

Турбулентно патување од хиперинфлација и економски хаос до единствена валута

Бугарија и еврото Иако предизвиците остануваат, од намалувањето на населението до тековната борба против корупцијата, Бугарите го завршија своето патување од хиперинфлација и економски хаос до единствена валута Бугарија, најсиромашната земја во Европската Унија, стана 21-та членка на еврозоната на 1 јануари 2026 година, каде што ќе ја дели единствената валута со повеќе од 357 милиони граѓани на ЕУ, прескокнувајќи...

На Попова Шапка има најмногу снег

Најстудено утрово е на Попова Шапка -5 степени, во Крива Паланка се измерени -4, во Скопје-Петровец -3. Над нулата е само во Гевгелија со два степена, информира УХМР. На Попова Шапка има и најмногу снег 34 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 18, а во  Маврови Анови 11 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб,...

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ ќе се доградуваат

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука велат дека во петокот (30 јанаури) завршил рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, кој МОН го објави на крајот од...

Се намалил бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во декември лани, пак, споредено со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 проценти. Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во...

Министри од Западен Балкан и претставници на ЕУ, денес ќе одржат состанок за предизвиците со кои се соочуваат превозниците

Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната. Според најавите, на состанокот ќе присуствуваа министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на...

Поранешниот американски претседател Клинтон, се согласи да сведочи пред Конгресот за истрагата Епштајн

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се согласи да сведочи пред американскиот Конгрес во истрагата предводена од републиканците за починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, јавија американските медиуми. Телевизијата Си-ен-ен и весникот „Њујорк Тајмс“ објавија дека Клинтон попуштил за да ја избегне заканата од постапка за непочитување на Конгресот, пренесе ДПА. Клинтон претходно одбиваше да сведочи. Поранешниот демократски претседател и неговата сопруга...

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, Владата ќе прифати, вели Димитриеска Кочоска

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ, Димитриеска-Кочоска истакна дека платата на ниту еден работник никогаш не е доволна и секогаш треба да биде повисока, но постојат економски правила кои мора да...

Унгарската влада поднесе тужба до Судот на правдата на Европската Унија бара укинување на регултивата за укинување на увозот на руски гас

Унгарската влада денеска поднесе тужба до Судот на правдата на Европската Унија, барајќи поништување на регулативата РеПовер (RePower) на ЕУ, која има за цел постепено да го укине увозот на руски гас, изјави шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Сијарто тврди дека ЕУ ги пречекорила своите овластувања со усвојувањето на регулативата, бидејќи одлуката погрешно била претставена како мерка на трговска...

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“. Оттаму информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка - Деве Баир со задржување на коловоз. Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни...