Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир, истакна Медведев

Dmitry Medvedev
Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во интервју за повеќе медиуми изјави дека светот станал многу опасно место, но дека Москва не сака глобален конфликт. - Ситуацијата е многу опасна. Изгледа се намалува прагот на болка. Не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Но, не може да се исклучи глобален...

Францускиот парламент повторно ќе гласа за доверба на малцинската влада

Малцинската влада на францускиот премиер Себастијан Лекорну денеска се соочува со две гласања за доверба, откако премиерот го протурка буџетот за оваа година низ Националното собрание без конечно гласање. Претставниците на Националното собрание треба денеска доцна попладне да ја започнат расправата за доверба на владата на левиот центар. Не се очекува паѓање на владата. Лекорну ја обезбеди поддршката на социјалистите со...

Правдата е посилна од криминалот, народот заслужува враќање на украденото, истакна Мицкоски

Денеска ги поставуваме темелите за систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединците. Јасна е нашата заложба за борба против корупцијата и криминалот, но борбата мора да заврши со конфискација на...

Одбраната на дел од обвинетите за „Пулс“ тврди дека Обвинителството е контрадикторно и бара преиспитување на обвинението

Одбраната на дел од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на почетокот на денешното судење побара ЈО да ја преиспита околноста за нивно гонење и постапката да ја запре, по одлуката на ОЈО ГОКК минатата недела за запирање на постапката за гонење за седум полициски службеници за делото Тешки дела против општата безбедност. Бранителот на Шефкет Хазари (од...

Руралниот туризам – приоритет на Министерството за култура и туризам

Во пресрет на Саемот за рурален туризам, кој се одржа викендов во центарот „Јавна соба“ во Скопје, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во своето обраќање, истакна дека руралниот туризам ќе биде еден од стратегиските приоритети на министерството, при што вакви настани ќе бидат сè почести во текот на 2026 година, а уште поинтензивни во 2027 и 2028...

Реиздадена дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски

На реизданието на „Писма“ можеме да гледаме како на потсетник дека книжевната сцена кај нас одвреме-навреме знаела да изнедри авторски глас што на автентичен начин го обликувал современието, а Исаковски го правеше тоа во текот на целиот свој креативен живот, вели Игор Анѓелков во поговорот од книгата Издавачката куќа „Или или“ ја реиздаде дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски....

Македонската композиторка Ана Пандевска на фестивалот ЕКЛАТ во Штутгарт

Во поширок контекст, делата ја отвораат и темата за тоа како малите нации комуницираат со големите системи и како индивидуалниот уметнички глас опстојува во политичкиот и институционален шум Македонската композиторка Ана Пандевска ќе учествува на престижниот фестивал за современа музика ЕКЛАТ, кој ќе се одржи од 4 до 9 февруари 2026 година во Штутгарт, Германија, со две музички композиции...

Промовиран албумот на младиот виолончелист Антонио Илиоски

Во рамките на промоцијата, Антонио Илиоски изведе краток извадок од дело на Сергеј Прокофјев, по што ја покани публиката на концертната промоција на албумот, која ќе се одржи на 28 април во Македонската филхармонија Во „Аудиокултура“ викендов беше промовиран албумот „Beyond the Silence“, првото дискографско издание на младиот виолончелист Антонио Илиоски. Станува збор за дебитантски проект што содржи Соната...

Подарокот (4)

ЗИМСКА ТРИЛЕР-СТОРИЈА Откако ја запозна Марија Воронцова, Николај Михајлович како да ја стави и последната алка од веригата што му недостигаше. Пустелијата наречена Јакутија, прекуноќ се претвори во рај на земјата. Слично беше и со младата жена. Учителката мошне брзо се вклопи во јавето на средината во која требаше да мине дел од својата кариера. Таа потекнуваше од Сочи. Нејзините...

Љубљана – престолнина со богат културен живот

Репортажа Не е важно од каде ќе ја започнете прошетката. Но, еве, ние предлагаме обиколката да тргне од кај Мостот на змејовите, именуван по бакарните зелени змејови, кои се симбол на Љубљана Љубљана, главниот град на Словенија, е една од најмалите европски престолнини, која можете многу лесно и брзо да ја прошетате, да се запознаете со убавините на градот, а...