Пациенти болни од рак бараат персонализиран пристап во лекувањето

Пациенти болни од рак бараат персонализиран пристап во лекувањето, но, за тоа, велат, потребни се институции кои ќе го поддржат тоа. По повод Светскиот ден на борбата против ракот, тие со порака дека секојдневно се соочуваат со проблеми од недостиг на иновативна терапија до недостиг на палијативна нега. - Иако секој пациент има своја приказна, свој пат на лекување, свој...

Продолжи судењето на Штекли и другите обвинети, обвинителството тврди дека тој бил организатор и координатор на криминалната група

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски-Штекли и другите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанции и биолошки траги. Пред судот беа изведени докази поврзани со претрес...

Кривична пријава против четири лица, за пари овозможувале побрзо вадење лични документи

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против двајца полицајци, наставничка и пожарникар кои во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел...

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, информираат од УХМР

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 - 2020, во 2025 година декемвриска температура била 1,3 степени повисока од просечната на ниво на држава, додека месечната сума на врнежи била 50 отсто од просекот...

За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ. Согласно прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти. - По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот...

Собраниската Комисија за здравство даде зелено светло за извештајот за работа на ФЗО

Собраниската Комисија за здравство, со која раководеше претседателката Рашела Мизрахи, денеска го разгледа извештајот за работата на Фондот за здравствено осигрување (ФЗО) за 2024 година и даде зелено светло тој да биде усвоен на пленарна седница на Собранието. Извештајот пред пратениците го образложи директорот на ФЗО, Сашо Клековски, кој на почетокот истакна дека во 2024 година Фондот имал 1.839.537 осигуреници,...

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, соопшти ФАО

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, додека глобалните залихи на житни култури се приближија до историскиот максимум, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во јануари изнесуваше во просек...

Украина се обиде да убие руски генерал во Москва, рече Лавров

Шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров ја обвини Украина за обидот за атентат на рускиот генерал-полковник Владимир Алексеев, кој денеска беше застрелан во Москва. Според Лавров, атентатот врз Алексеев е обид на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го „саботира мировниот процес“ по преговорите во Абу Даби. Алексеев е хоспитализиран во тешка здравствена состојба. Тој е прв заменик-началник на Главната дирекција за...

Со пакет закони се очекува да се подобри академската едукација, истакна Јаневска

На националниот регистар на прописи (ЕНЕР) се поставени предлозите за новиот закон за високото образование и за законот за квалитет во високото образование, а деновиве ќе биде ставен и Законот за научноистражувачка дејност. Ќе може да се доставуваат коментари и предлози за новите законски решенија, со кои МОН најави реформи во високото образование и во науката. Најзначајните новини денеска...

Во Македонија, речиси 87 проценти од населението живее во свој дом, покажуваат податоците на Евростат

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата во Европската Унија поседуваат сопствен дом, наспроти 32 проценти кои живеат во изнајмени станови. Во Македонија, речиси 87 проценти од населението живее во свој дом, а 12,9 проценти под кирија, покажуваат податоците на Евростат. Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година повеќе од две третини, односно 68 проценти...