Фото: РФМ

РАКОМЕТ

Ракометниот клуб Алкалоид во финалето на завршниот фајналфор-турнир за пионери, кој се одржа во салата во Автокоманда, го совлада тимот на ГРК Охрид со убедливи 28-20 и со тоа стана пионерски првак на Македонија.
Најдобар стрелец во финалниот меч беше Иван Великов со осум погодоци, додека го следеше Петар Митев со шест. Најдобар голман на турнирот беше Мартин Пандиловски, а најкорисен (МВП) играч, Петар Митев, двајцата од Алкалоид.
Во олстар-тимот се најдоа: Мартин Пандиловски (голман), Иван Великов (десен бек) и Владимир Николовски (пивот) од РК Алкалоид, а Христијан Ангеловски (лево крило), Горјан Петрушевски (лев бек) и Емануел Вумвулакис (десно крило) од РК Мулти Есенс. Г.И.