Засилен инспекциски надзор на градилишта во Аеродром, изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице
Општина Аеродром информира дека спроведува засилен инспекциски надзор и дека е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота.
- При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми,...
ЕУ воведува список на „безбедни“ земји: Побрзи одбивања на азил и построги правила за барателите
Европската комисија денеска ја поздрави одлуката на Европскиот парламент да го поддржи предлогот за воведување на паневропски список на таканаречени „безбедни“ земји чии државјани нема да имаат право на меѓународна заштита во ЕУ.
Новите правила дополнително ќе го зајакнат европскиот систем за азил и ќе го направат процесирањето на барањата побрзо и поефикасно, се вели во соопштението на Комисијата. Таа...
„Охридско лето“ добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“
Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна
награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал
во Истанбул, Република Турција како признание за високо-квалитетната програма на
65. издание на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација.
Со оваа награда „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда својата репутација како
центар на врвната уметност, со програма која ја обедини класичната музика, театарот
и современите уметнички форми.
-...
Од СУТКОЗ има поддршка за Законот за пушење, но бараат да се внимава да не се намали бројот на работници во секторот
Претседателот на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски во изјава за медиумите денеска истакна дека тие ги поддржуваат новиот Закон за заштита од пушење, но, како што рече, треба да се најдат начини и мерки да не предизвика намалување на бројот на работници во овој сектор.
- Ние како...
Нова колекторска пумпа за прочистување на Дојранското езеро
Нова колекторска пумпа денеска е поставена во близина на плажата Калдрма во населеното место Нов Дојран. Надлежните најавуваат подобра работа на колекторскиот систем за прочистување на езерските води.
- Ова е прва од неколкуте пумпи што ќе се постават на потегот од Нов до Стар Дојран - соопшти Јавното комунално претпријатие „Комуналец - Полин“ од Дојран.
Од претпријатието очекуваат да се...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури.
- Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања, кои...
„Јасен“ доби современа противпожарна опрема
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, Ангеле Сотировски, денеска присуствуваа на настан организиран по повод испораката на современа противпожарна опрема за „Јасен“, обезбедена во рамки на прекуграничниот проект „Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област...
Трендафилов за утре најавува нови блокади, овој пат пред Стопанска комора
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска соопшти дека утре ќе има блокада на Стопанската комора, на Организацијата на работодавачите и на Бизнис-конфедерацијата. Блокадата ќе почне во 12 часот на крстосницата пред Стопанската комора.
- Да не се грижат. Повторно ќе бидеме 21 претставник на Синдикатот, онолку колку што е потребно во согласност со законскиот минимум...
Се укинува дискреционото право на директорите на избор при вработување медицински кадар во јавното здравство
Собранието денеска во рамки на 84. седница ги донесе Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита и Законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година.
Со Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, кој се носеше по...
МВР уапси седум возачи поради управување возило без возачка дозвола
Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници.
-Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар...






































