Европол конфискувал 1,2 милијарди евра, фалсификувани банкноти
Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг.
Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД. Полицијата и царината задржала голем број пратки испратени по пошта.
Според Европол, 90...
Не размислуваме за ограничувања на социјалните мрежи за младите,истакна Андоновски
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите.
На новинарското прашање Андоновски денеска рече дека нема да се оди во правец на ограничувањето на личните слободи и оти тоа треба да биде последна мерка во можностите, а прва...
Советот на јавни обвинители следната недела ќе има седница за давање мислење за кандидатите за нов јавен обвинител
Советот на јавни обвинители за следната недела ја закажа седницата за давање мислење за пријавените кандидати на огласот за именување на нов јавен обвинител на Република Северна Македонија.
На дневен ред на 38. седница на Советот на јавни обвинители, закажана за вторник - 17 февруари 2026 година, е само една точка – давање мислење на Владата на РСМ по предлог...
Зеленски: Безбедносните прашања се клучен приоритет
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните руски напади врз Украина покажуваат дека безбедносните прашања во моментов се клучен приоритет за Киев и дека сите други прашања мора да се разгледуваат заедно со нив.
- Додека Русија продолжува да убива луѓе и да ја уништува нашата инфраструктура, нема да има доволно јавна доверба дури ниту во активната дипломатија- напиша Зеленски...
Ракетните капацитети на Иран се „црвена линија“ и не се предмет на преговори, рече Шамкани
Ракетните капацитети на Иран се „црвена линија“ и не се предмет на преговори, изјави денеска советник на врховниот лидер на земјата, додека Техеран и Вашингтон се подготвуваат за нова рунда разговори насочени кон спречување на конфликт.
Минатата недела, американските и иранските дипломати одржаа индиректни разговори во Оман, во услови на зголемено американско воено присуство во регионот, што врши притисок врз...
Полицијата открива лица инволвирани во трговија со дрога
Во 2025 година, криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на
борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и
Прилеп, лишила вкупно 324 лица, инволвирани во трговија на дрога и психотропни
супстанци. Притоа, велат од СВР Битола, поднесени биле вкупно 78 кривични пријави за сторени 94 кривични дела против 102 сторители.
-Позитивните резултати во откривањето ан трговијата со дрога се должат на низата
преземени...
Одбележан Денот на безбеден интернет во Прилеп
Денот на побезбеден интернет, во присуство на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот Дејан Проданоски, беше денеска одбележан во ОУ „Кире Гаврилоски- Јане„ а во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, кој се имплементира од Министерството за дигитална трансформација, во соработка со проектните партнери.
Учениците и наставниците од ОУ „Кире Гавриловски Јане“ –...
Рокас од Боговиње истакна дека борбата со корупцијата сега има вистинска насоченост
Евроамбасадорот Михалис Рокас од тетовско Боговиње, одговорајќи на новинарски прашања поврзани со борба против корупцијата, оцени дека движењата во оваa област се насочени кон определената цел. Тој оцени дека борбата против корупцијата со измените на Кривичниот законик во 2023 година била сериозно погодена, но смета дека сега има вистинска насоченост.
- Мислам дека ова прашање мора да се адресира, веќе...
Судење за Онкологија: Словенечки вештак тврди дека терапиите биле несоодветни, одбраната ја оспорува методологијата
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде што поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, заедно со уште двајца онколози, е обвинет за несовесно лекување пациенти. На рочиштето словенечкото вешто лице Маја Равник сведочеше за медицинските наоди и за терапиите дадени на повеќе пациенти.
Вештакот посочи дека кај една пациентка биле...
Алиу имаше онлајн состанок со странски експерти за кардиохируршките интервенции
Интерната и странската експертска комисија ангажирана од Министерството за здравство, во рамки на процесот за стручна анализа и испитување на посочените кардиолошки и кардиохируршки интервенции, денеска одржаа онлајн состанок. Состанокот го отвори министерот за здравство Азир Алиу, кој ги информираше експертите за досегашниот тек на постапувањето, начинот на прибирање и стандардизација на документацијата за пациентите и целта на двостепената...






































