Вонредни инспекции на фирмите за медицински канабис, проверка на 43 издадени лиценци

Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци. Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на меѓуресорската комисија. - Од денеска почнуваат вонредните контроли заедно со МВР. Најверојатно, додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен....

Бислимоски поднесе оставка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка. Од РКЕ за МИА ја потврдија оставката на Бислимоски, но не соопштија детали за причините за нејзиното поднесување. Бислимоски ја извршуваше функцијата претседател на РКЕ речиси осум години. Управата за финансиска полиција (УФП) пред две недели му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнение за злоупотреба на службената положба и...

Зошто серумот со витамин Ц „престанува да дејствува“ по неколку недели

Серумот со витамин Ц не дава резултати? Проблемот можеби не е во кожата или во брендот, туку во начинот на складирање што ја уништува активната состојка. Витаминот Ц во серумот често ја губи својата ефикасност поради неправилно складирање. Светлината, топлината и воздухот предизвикуваат оксидација, па серумот повеќе не дејствува на дамките и на сјајот на кожата. Правилното складирање и...

По најавата на Мицкоски, 63–64 македонски производи ќе се извезуваат во САД со минимални тарифи

Шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти - изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава. - Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму...

Киев и ЕУ не се подготвени за продолжување на дијалогот, вели Захарова

Украинските власти, заедно со ЕУ, се залагаат за вооружување и продолжување на конфликтот наместо дијалог, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. -Киев е подготвен буквално да направи сè за да го спречи постигнувањето праведен мир во Украина - рече таа на прес-конференција. Според неа, „режимот во Киев ги интензивира нападите во време кога се во тек...

Почна штрајкот во „Луфтханза“ – стотици летови се откажани поради протестот на персоналот

Штрајкот на пилотите и на кабинскиот персонал на „Луфтханза“ денеска доведе до масовни нарушувања во авиосообраќајот, поради што стотици летови на најголемата германска авиокомпанија се откажани низ целата земја. Како што соопшти синдикалната организација „Уфо“ (Ufo), најавениот целодневен штрајк почна во текот на ноќта, што го потврди и „Луфтханза“. Компанијата засега не наведе точен број на откажани летови, но предупреди...

Три физички и едно правно лице обвинети по завршувањето на истрагата за отпадот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 од Кривичниот законик. Како што информира Јавното обвинителство, обвинетите, од 28 февруари 2025 до 9 јули 2025 година, незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад...

Според Мицкоски, протестите на ССМ имаат политичка позадина, а Трендафилов е поврзан со опозицијата

Протестите на ССМ имаат политичка заднина, инструирана, мотивирана и инспирирана од опозицијата, а Слободан Трендафилов е само прокси. Тоа јавноста деновиве ќе го види од она што ние го поседуваме затоа што заслужува да знае кои се лицата што ги блокираат улиците и каква врска имаат со лидерите на политичките партии, ќе види дека се истакнати партиски активисти -...

Транспарентност и одговорност како темел на ефикасното судство, порача Филков

Развојот на квалитетни и транспарентни механизми за избор, унапредување и дисциплинска одговорност е меѓу најважните предуслови за ефикасен судски систем кој работи во служба на граѓаните - истакна министерот за правда Игор Филков на 18. сесија на работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во рамки на Националната конвенција за ЕУ. Според министерот, непристрасноста и независноста на...

Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ до 28 февруари

На веб-страницата на НУ Драмски театар-Скопје е објавен годинашниот конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишувањето нови драмски текстови, НУ Драмски театар ја доделува наградата во чест...