Aктивно ќе продолжиме да партиципираме во мисиите и операциите предводени од НАТО и ЕУ, порача Мисајловски од Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата во седиштето на НАТО во Брисел, на кој присуствуваа министрите за одбрана на сојузничките земји. Мисајловски, како што информира Министерството за одбрана, се осврна на целите, приоритетите и активностите кои се преземени од страна на Владата, Министерството за одбрана и Армијата, во согласност со договореното...

ФОТО: ССМ ја реализираше втората блокада пред Стопанска комора на Македонија

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја реализираше втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите. Од ССМ...

Трамвај излета во Сараево, една жена загина

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД. - Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен - соопшти Министерство за внатрешни...

Сопствениците на клубот во Кран Монтана, денеска се соочија со роднините на жртвите од пожарот

Џесика Морети, сопругата на сопственикот на клубот „Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, денеска заедно со својот сопруг Жак, се соочи со роднините на жртвите пред канцеларијата на јавниот обвинител во Сион, каде што таа треба да биде испрашана во рамките на истрагата за пожарот во новогодишната ноќ во кој загинаа 41 лице. Пристигнувањето на брачната двојка Морети предизвика тензии,...

Во план е паркингот на клиника да се плаќа на четири начини

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција за решавање на проблемот со паркирање во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најави дека во план е да има четири видови плаќање паркинг во иднина. - Ќе има неколку видови на плаќање на паркинг местата. Онколошки пациенти и сега имаат бесплатно паркинг место, тоа ќе продолжи да биде така. Пациенти кои се лекуваат...

Бислимоски ќе остане претседател на РКЕ се додека не се донесе одлука за престанок на функцијата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка. Како што информира РКЕ, согласно Законот за енергетика и Статутот на РКЕ, се додека не се донесе одлука за престанок на функцијата претседател на РКЕ, Бислимоски ќе ја извршува функцијата. Од РКЕ за МИА ја потврдија оставката на Бислимоски, но не соопштија детали за причините за нејзиното поднесување. Бислимоски...

Орбан со порака до Украина за барањето за влез во ЕУ: „Сонувајте, сонувајте, слатки соништа“

Како одговор на прашање за забрзаното членство на Украина во ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан цитираше стихови од оперетата „Кралицата на чардашот“ и рече: „Сонувајте, сонувајте, слатки соништа“. На брифинг пред неговото заминување на неформалниот самит на ЕУ денеска во Брисел, кој ќе се фокусира на наоѓање решенија за економските проблеми, тој потврди дека унгарскиот суверенитет е од најголема важност...

Состанок на лидерите на ЕУ, ќе разговараат како да ја направат Европа поконкурентна и помалку зависна од Америка

Лидерите на ЕУ ќе одржат состанок денеска во замокот Алден Бизен во белгискoто село Ријховен, за да разговараат како да ја направат Европа поконкурентна и помалку зависна од Америка за време на мандатот на Доналд Трамп. Намалувањето на бирократијата ќе биде главна тема на дискусија, а во среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека земјите-членки на...

Државата се наоѓа во фаза на длабоко преструктурирање на судските и обвинителските механизми, вели Филков

Министерот за правда, Игор Филков, денеска ги образложи правосудните реформи, нагласувајќи дека државата се наоѓа во фаза на длабоко преструктурирање на судските и обвинителските механизми. Наместо козметички измени или ограничени интервенции, Владата, како што истакна тој, спроведува сеопфатен процес насочен кон јакнење на интегритетот, деполитизација, отчетност и долгорочна правна стабилност. Во неговото обраќање на настанот „Европски стандарди за дисциплински и...

Вештачењето и лиценцата на вештакот од Словенија се оспоруваат од одбраната на Васев

Sudenje Onkologija Nino Vasev
Вештите лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, одговараа на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештачењето на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент за Обвинителството го имаат изработено...