Преговорите меѓу Русија, Украина и САД се селат во Женева, ќе се одржат на 17 и 18 февруари
Преговорите помеѓу Русија, Украина и САД за завршување на војната во Украина се селат во Женева следната недела, а руската делегација ќе ја предводи Владимир Медински, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да прецизира точен датум.
Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации Дмитро Литвин изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат...
Уапсени десет возачи заради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и Битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што е наведено во соопштението, возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него...
МВР поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Општина Чашка
СВР Велес поднесе кривична пријава против едно лице од Чашка за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ кој додека бил градоначалник постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 вработени во општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-СВР Велес, до Основното јавно обвинителство...
САД ќе испрати уште еден носач на авиони на Блискиот Исток, пишува „Њујорк тајмс“
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори синоќа објави дека САД ќе испрати уште еден носач на авиони на Блиски Исток.
Според весникот на Блиски Исток ќе биде распореден носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, што во моментот е на Карибите.
Белата куќа и Пентагон сè уште не ги коментирале наводите на весникот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп пред...
Попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд
Попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 13-тиот степен.
Врнежи попладне се очекуваат и во Скопје, каде што максималната температура во текот на денот ќе достигне 12 степени.
Променливото облачно време ќе се задржи и...
Три пријави за физички напади врз партнерки во Скопје
Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани изминатото деноноќие на скопската територија.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 4:40 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, 35-годишна жена пријавила дека околу 1:40 часот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С., 24-годишен скопјанец.
- Синоќа во 22 часот на подрачјето на Центар,...
Пожар избувна во хостел во предградие на Будимпешта
Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога пожар избувна во хостел во предградие на главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Пожарот избувна утрово во двокатна зграда. Огнот набргу беше изгаснат, но предизвика уривање покрив.
Пожарникарите извлекоа неколку преживеани луѓе под урнатините. Телата на двајца мажи и една жена беа пронајдени под урнатиот покрив на зградата.
Медицинските екипи им укажаа помош на...
Пронајдени коски слични на човечки во скопското место викано „Сулејманови ливади“
Пронајдени биле коски слични на човечки и облека во скопското место викано „Сулејманови ливади“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 16:49 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид...
Цвета Ристовска поднесе неотповиклива оставка од ДКСК
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата до претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Во писмото доставено до законодавниот дом, Ристовска наведува дека оставката ја поднесува согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите.
- По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска...
Мицкоски се сретна со менаџментот на „Лидл“ и „Кауфланд“
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.
Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
- Ги отвораме вратите за...






































