Потребни се посилни механизми против назадувањето на новите членки на ЕУ, истакна Кос
Идните договори за пристапување на земјите-кандидатки во Европската Унија (ЕУ) треба да содржат посилни заштитни механизми против назадување од обврските преземени за време на преговорите за пристапување, за да се обезбеди дека новите членки ќе продолжат да ги одржуваат резултатите во основните области, изјави денеска во Естонија европската комесарка за проширување Марта Кос.
На конференцијата за проширување на ЕУ во...
Поради Задушница, утре во Скопје посебен режим на сообраќај
Поради верскиот празник Задушница, утре од 6 часот наутро ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица...
Македонија е посветена на европската интеграција, но без билатерални условувања, истакна Мицкоски на средбата со Кошта
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен остварил средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. На средбата Мицкоски истакнал дека Македонија останува посветена на европскиот пат и реформите, но оти заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања.
- Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија,...
Одбраната со забелешки на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март
На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештото лице од Словенија, Маја Равник, одговараше на низа вкрстени прашања од одбраната на обвинетите, појаснувајќи дека нејзиниот стручен наод е изготвен исклучиво врз основа на доставената медицинска документација и меѓународните онколошки протоколи. Таа истакна дека сметала дека има целосна документација за секој пациент и дека стручните мислења ги темели на податоците што...
Достигнување на нови височини во науката, демонстрирање на посветеноста и одговорноста на жените
11 февруари е Меѓународниот ден на учество на жените и девојките во науката, воспоставен од Обединетите нации. Овој ден има за цел да промовира целосен и еднаков пристап и учество на жените и девојките во научните и технолошките иновации. Од основањето на Народна Република Кина, каузата на кинеската жена е тесно поврзана со развојот и напредокот на земјата. Генерации...
Седум регионални центри од денеска ќе ги валидираат знаењата стекнати надвор од училиште
Покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, сите седум регионални центри за стручно образование и обука од денеска може и да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација стекнати преку неформално и искуствено учење, соопшти Министерството за образование и наука.
МОН информира дека 19 советници за неформално образование и искуствено учење и 20 проценувачи од регионалните центри...
Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, соопшти Николоски
Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
- Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој Договор во декември беше ратификуван и во македонското...
Украина продолжува грубо да се меша во изборите во Унгарија, рече Сијарто
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави оти Унгарија продолжува грубо да се меша во претстојните избори во Унгарија.
Тој го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека за блокирање на на испораките на нафта преку нафтоводот Дружба со цел да изврши притисок врз унгарската влада пред гласањето.
- Педесет и осум дена пред парламентарните избори, Украина многу очигледно се...
Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани – помагатели на убиството во кафуле во Штип, завршни зборови на 18 февруари
Заврши судскиот претрес со изнесување докази и давање искази на сведоци на четворица турски државјани, кои се обвинети дека лани во мај му помогале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој во кафуле во ценатрот на Штип уби свој сонародник.
Портпаролот на Основниот суд (ОС)-Штип, воедно и судија кривичар, Сашко Георгиев за МИА изјави дека денеска имаше сведочење од страна на...
Светскиот поредок каков што го знаеме повеќе не постои, истакна Мерц
Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц на отворањето на Минхенската безбедносна конференција истакна дека во моментот се урива светскиот поредок заснован на правила.
- Заедно, влеговме во ера, која повторно е многу отворено обележана од моќта и политиката на големите сили. Пред сè, го гледаме насилниот ревизионизам на Русија, нејзината брутална војна против Украина, против нашиот политички поредок со секојдневни сурови...






































