ЕУ членството е заслужено, а не подарок за Македонија, изјави Мицкоски од Минхен

– За Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТ) на маргините на Минхенската безбедносна конференција  Мицкоски  рече дека македонската Влада се бори да укаже на неправдите низ кои поминала земјата во евроинтегративниот процес и дека членството во Европската...

Поплавени куќи во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај

Во тек се активности за санирање на последиците кај поплавени куќи кај селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај. - Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа за да се спречат дополнителни...

Кривична пријава за сопственик на објект во Делчево – при пожарот на 1 јануари имало 30 гости, информира МВР

Opozaren objekt Delcevo
МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости  и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје - информира...

Поплави во Кичево: евакуирани 180 лица, во Беловиште заглавени мајка и две деца

Обилните врнежи во државава предизвикаа поплави на повеќе куќи на улица „Прилепска“ во Кичево, поради што евакуирани се 180 лица, а во поплавена куќа во гостиварското село Балиндол заглавени се две деца и нивната мајка. Поплавени се и објкети на болницата во Кичево, а има поплавени куќи и во гостварските населби Циглана и Бањечница. Има пријави и за поплавени...

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон

Епидемија на мали сипаници избувна во северен Лондон каде повеќе од 60 деца се заразени, објавија здравствените власти, повикувајќи за вакцинација на деца, јавија денеска британските медиуми. Епидемијата на мали сипаници брзо се прошири во седум училишта и градинка во северен Лондон, при што на некои деца им е потребно болничко лекување - објави „Сандеј тајмс“. Агенцијата за безбедност на здравјето...

Две лица приведени во Скопје за манипулација со регистарски таблички

Registracija MVR
Полицијата лишила од слобода  двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19.00 часот до 03.00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје. МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик. -...

Десет возачи завршија во притвор – возеле без дозвола и под алкохол

Полициски службеници на целата територија на државата вчера лишија од слобода десет возачи, од кои осуммина поради возење без возачка дозвола, двајца поради управување со возило со активна мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и еден поради возење под дејство на алкохол. Од МВР информираат дека двајца возачи се лишени од слобода во Тетово, а по еден...

Секој прв четврток во месецот: Уставниот суд отвора средби со граѓаните

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година, ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот. Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста...

Нам ни треба заслужена и предвидлива европска иднина, не бескраен процес, изјави Мицкоски од Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија...

Надворешната политика бележи резултати во краток временски рок, изјви Муцунски

Во изминатите дваесет месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во изјава за медиумите од Михенската Безбедосна Конференција. - Во последните дваесет месеци во делот на надворешната политика имаме неколку одлуки и договори кои имаат огромно значење за стратешкото позиционирање на нашата...