Осум лица загинаа во експлозија на магацин за огномет во Кина
Експлозија во магацин за огномет во источна Кина одзеде осум животи, а двајца беа повредени, соопштија властите.
Надвор од големите градови каде што употребата на пиротехнички средства е строго регулирана, жителите на земјата редовно користат огномет за време на важни настани и празници како што е Лунарната Нова Година, која ќе се прослави утре.
„Несоодветна употреба“ на огномет од едно или...
Настапува промена на времето, од сонце кон дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер.
Минималната температура, како што информираат од...
Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на разговори за Иран
Специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе ја посетат Женева оваа недела за да разговараат за нуклеарната програма на Техеран со иранските преговарачи, потврди денеска Белата куќа.
Американски функционер потврди дека двајцата пратеници, кои се главни преговарачи на Доналд Трамп со Иран, ќе го претставуваат Вашингтон за време на разговорите.
Иранскиот министер за надворешни...
Дом на тишината на Соња Илиевска – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата Дом на тишината на авторката Соња Илиевска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
- Фотографијата е направена во дворот на Бигорскиот манастир и го доловува чувството на духовен мир, каде камената архитектура и тишината создаваат простор во кој времето тивко застанува - истакнува авторката.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на...
Над 30 домаќинства погодени во Сарај, одржан состанок на Кризниот штаб, информира ЦУК
Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, вечерва присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и членовите на Штабот, на кој, како што информираат била направена детална анализа на состојбата по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија повеќе населени места во општината.
Според информациите од терен, над 30 домаќинства...
Американски војници извршиле упад на танкер со венецуелска нафта, соопшти Пентагон
– Припадници на американската армија синоќа упаднаа на санкциониран танкер во Индискиот Океан откако го следел од Карипското Море во обид да се справи со нелегалната нафта поврзана со Венецуела - соопшти денеска Пентагон.
-Бродот се обиде да го прекрши карантинот на претседателот (Доналд) Трамп со надеж дека ќе избега. Го следевме од Карипско Море до Индиски Океан, го намаливме...
Внимателно движење крај реките, Вардар, Кумановска и Треска со висок водостој, УХМР предупредува
Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично висок водостој и на река Кумановска и река Треска, во чии сливови се можни локални излевања - информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР, исти така, предупредуваат...
Бурата Оријана предизвика поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија...
Отфрлени сите предлози на превозниците од регионот, можна е ескалација со блокади, пренесува Вијести
Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за ограничување на престојот на превозниците на товар од земјите од регионот во земјите од Шенген - објавија подгорички Вијести. Тој медиум наведува и дека поради ова, можни се нови протести од страна на превозниците и блокади на граничните премини...
Речиси целиот трошок од царините на Трамп паѓа врз американските компании и потрошувачи, пренесува „Си-ен-ен“
Нов извештај од Федералните резерви на Њујорк го покажува она за што економистите долго време предупредуваат, товарот на царините речиси целосно го носат граѓаните и компаниите на земјата што ги наметнува. Со други зборови, земјата што наметнува царини, во овој случај САД, всушност ги оданочува сопствените потрошувачи и економиј - јави „Си-ен-ен“.
Според податоците од таа институција, во текот на...






































