ССКМ со поддршка до Макам транс за изнаоѓање решение за превозниците
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) соопшти дека ја поддржува Асоцијацијата Макам-транс и македонскиот транспортен сектор во насока на наоѓање решение за престојот на превозниците во шенген зоната.
- ССКМ во која членуваат голем број на мали и средни компании директно поврзани со ланецот на транспорт и стоки кој се одвива во земјата и надвор од неа сериозно е...
Судот го одби барањето за укинување притвор на Васев и Нухи во „Онкологија 2“
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд - Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека нема надлежност да одлучува...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Пониква, кој не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинскиот премин Пресека до 150 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат...
За системот „Безбеден град“ формирани се четири предмети, информираше Костадиновски
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Безбеден град“ формирани се четири предмети. Нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу бргу да се менува, односно да се приспособува на правила.
- Четири предмети се формирани. Точно е дека ќе се постапува бидејќи е новина во нашата држава. Бргу ќе...
Со измени на Законот за градежно земјиште ќе се воспоставува ред во подземната линиска инфраструктура
Со измени на Законот за градежното земјиште ќе се воспостави ред во линиската подземна инфраструктура (оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациски системи, гасоводни мрежи, нафотводи итн.) и првпат ќе се овозможи нивно впишување во евиденцијата во катастарот на инфраструктурни градби во Агенцијата на катастарот за недвижностите, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
На предлог на Министерството за транспорт,...
Советот на јавни обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител
Советот на јавни обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со Законот...
Мицкоски со Варнс разговарал за унапредување на билатералната соработка
Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска премиерот Христијан Мицкоски и вршителката на должност амбасадор на САД Никол Варнс.
За средбата информира Мицкоски преку својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека средбата минала во пријателски дух и заедничка заложба за натамошно јакнење на односите.
- Денес остварив...
Унгарија им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Европа и конфликтот во Украина, вели Орбан
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Централна Европа и конфликтот во Украина со цел да се олесни мирното решение.
Коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Будимпешта, Орбан оцени дека посетата им била од помош на САД.
- Америка е далеку, Централна Европа е комплицирана, тешка...
Кандидатурите за нов државен јавен обвинител пред Советот на јавни обвинители
Советот на јавните обвинители ја почна седницата на која треба да ги разгледа пријавите и да даде мислења за петте кандидати за нов државен јавен обвинител.
Советот прва ја разгледа кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, при тоа едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавeн обвинител...
Од „Макам-транс“ активно учествуваат во процесот за изнаоѓање решение за проблемот на превозниците
Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген-зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација на Европската Унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од некои од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа за поголемо лобирање за...







































