Желбата на кинескиот и американскиот народ за размена и соработка нема да се промени, истакна Си Џипинг

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска порача дека стремежот на кинескиот и американскиот народ за размена и соработка ќе остане непроменет, независно од тоа како ќе се развиваат билатералните односи, пренесе МИА. Оваа порака ја упати во писмо до пријатели од американската држава Ајова, пред очекуваната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во април, пренесе кинеската новинска агенција. „Надежта за односите меѓу...

САД имаат механизми за спречување на нуклеарна програма на Иран, истакна Џеј Ди Венс

 Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс повторно го изрази ставот дека САД се обидуваат да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје по новата рунда преговори што се одржа во Женева, објави ДПА. - Претседателот Доналд Трамп „има многу можности и низа инструменти“ за да гарантира дека Исламската Република нема оружје за масовно уништување - рече Венс во интервју...

Сообраќајот пренасочен поради излевање на Вардар, снег на повеќе патни правци

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар - село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е  прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните...

Во Женева заврши првиот ден од трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина

Geneva
Во Женева заврши првиот ден од трилатералните преговори за решавање на конфликтот во Украина, по состанокот кој траеше четири и пол часа и се одржа на руски и англиски јазик зад затворени врати, изјави извор упатен во преговорите. Како што рекол изворот за „РИА Новости“, Британците, предводени од советникот за безбедност на премиерот Кир Стармер, Џонатан Пауел, исто така пристигнале...

Морбилите се шират низ британските училишта, Стармер апелира за вакцинација

Британскиот премиер Кир Стармер предупреди дека „јавното здравство не е културолошка војна“ и ги повика родителите да проверат дали ги вакцинирале своите деца по појавата на морбили (мали сипаници) во северен Лондон, каде што заразата се шири низ училиштата. Во градската општина Енфилд, од 1 јануари до 9 февруари се потврдени 34 случаи, што е повеќе од една третина од...

Обилниот снег го зголемува ризикот од лавини во европските скијачки центри

Ризикот од лавини во европските зимски спортски центри останува висок поради обилните снежни врнежи, соопштија властите во Швајцарија, Австрија, Франција и Германија. Кантонот Вале во Швајцарија денеска наутро прогласи највисоко ниво на предупредување за лавини – Ниво 5, додека во целиот алпски регион во сила остана Нивото 4, извести Институтот за истражување на снег и лавини (WSL) во Давос. Висок ризик...

Поради обилни снежни врнежи, забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража и обратно е воведена поради обилни врнежи од снег. Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, забраната е воведена од 17 часот.

Научници од Велика Британија ја открија тајната за мирисот на египетските мумии

mumija
Тим научници од Универзитетот во Бристол, развил нова, неинвазивна метода за анализа на мирисот на древни египетски мумии. Со тоа, тие успеале да откријат хемиски траги од процесот на балзамирање без да ги оштетат вредните примероци. - За разлика од старите методи, кои вклучувале сечење делови од завоите за хемиска анализа, истражувачите сега ги испитувале испарувањата на органските соединенија (VOC)...

Франција се соочува со поплави по излевање на реките Лоара и Гарона

Poplavi Francija
Западниот и југозападниот дел од Франција се погодени од поплави предизвикани од бурата Нилс и зголемувањето на нивото на водата на многу реки, а ситуацијата е алармантна и во Жиронда, каде што полињата, шумите, патиштата и куќите се под каллива вода што се излеала од коритото на реката Гарона, јавуваат француските медиуми. - Веќе неколку дена, западниот дел од Франција...

Аргачи по разговорите со САД, вели дека овој пат атмосферата била поконструктивна од минатиот пат

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска по втората рунда индиректни разговори со САД во Женева, изјави дека атмосферата била „поконструктивна од претходниот пат“. Тој нагласи дека за време на разговорите биле дискутирани посериозни теми и дека биле постигнати конкретни договори за клучните прашања. - Нашите очекувања се дека разговорите ќе се движат кон конкретни решенија, иако сè уште не...